Франција гради нова воена болница

За време на посетата на Марсеј, претседателот на Франција најави дека таму ќе се гради нова модерна воена болница која ќе биде потребна во случај на голема војна од висок интензитет.

Иако Макрон рече дека болницата ќе може да обезбеди низа различни здравствени услуги, нејзината основна намена е „да игра клучна улога во случај на голема војна“.

„Медицинскиот центар од следната генерација има за цел да ги задоволи потребите на армијата во наредните децении“, изјави Макрон. 

Од почетокот на војната во Украина, сè повеќе европски земји ги преиспитуваат своите борбени стратегии и нивните вооружени капацитети. Многу држави се обидуваат да се подготват за можен непосреден конфликт, во кој се очекува да биде распоредена најнапредната и најмоќната борбена опрема, засега со исклучок на нуклеарното оружје.

Макрон најави дека новата болница ќе може да третира сериозни борбени жртви а изградбата на објектот ќе ја чини државата 300 милиони евра.

Тоа нема да биде првата воена болница во Марсеј. Болницата Лаверан работи долго време, но властите веруваат дека таа повеќе не е доволно модерна за да одговори на предизвиците од војната во Украина или идните конфликти.

3 јули 2023 - 07:57