Северна и Јужна Кореја можат во секое време сериозно да ја спукаат, но за среќа, досега се држат до нископрофилниот меѓусебен конфликт кој знае да има и интересни епизоди. Секогаш кога Јужна Кореја ќе почне нова пропагандна акција против Северна, Северна пушта кон соседот балони кои носат отпад. По принцип, вие со ѓубре, ние со ѓубре.