Свет

Обезбедувањето на девојката што не му е девојка на Путин

На руски социјални мрежи излегува фотографија од една група прописно вооружени телохранители во цивилка и маскирно, пред кафуле во центарот на Москва. Според авторот на фотографијата во кафулето нема ниту еден функционер или олигарх.

Човечки права за мајмуните

По основа дека орангутаните заслужуваат дел од човековите права, аргентинскиот суд нареди дека еден орангутан мора да биде ослободен од зоолошката градина во Буенос Аирес.

Алепо виа Тексас

Форд Ф-250 пикап опремен со нестандарден противавионски топ завршува на твит на една од милитантните групи што се бори во Сирија. Утредента водоводџија од Тексас се буди со телефонски повици во кои луѓе му се закануваат дека ќе го убијат. Двете работи се поврзани.

Мили ми се луѓето, ама греота паткиве?

Во неизмерен гест на добрина жена застанува на автопат во лева лента за да им помогне на неколку патки безбедно да минат на другата страна. Се случуваат три работи: 1. ги спасува патките, 2. во нејзе се удира еден моторџија и неговата малолетна ќерка кои загинуваат од ударот, 3. затоа што било греота за жената, таа добива помилување од судот.

ЦИА гледа, Менгеле вади

Експериментирањето над луѓе е една од клучните карактеристики на програмата на ЦИА за измачување, и ако по оваа основа се изврти целата работа ќе може од ЦИА да се бара одговорност заради прекршување на научна и медицинска етика.

Убаво е да си пријател со Путин

Двајца пријатели на Путин, еден од детството, обајцата санкционирани од Запад заради врски со рускиот претседетел, обезбедија договори со државата вредни преку 8 милијарди долари.

Муабетот е излезен од рајот?

По речиси 15 години измачување и еден извештај од американскиот Сенат, Западот почнува да се помирува дека веројатноста да добиеш признание е (четири пати) поголема кога испитувачот има изградено почит и однос кон затвореникот. Ќотек и понатаму не врши никаква работа.

Архитектот на програмата на ЦИА за испрашување

Комитетот за разузнавање објавува извештај од 500 страни за контроверзната програма на ЦИА за притвор и испрашување на затвореници. Истрагата за извештајот трае 5 години и чини околу 40 милиони долари, заклучокот е дека програмата е неуспех, а информациите кои со неа се добиени од затворениците не се ниту уникатни, ниту пак посебно вредни.

Германски ерга омнес

Една од партиите-сестри на партијата на Меркел, Христијанско-социјалната унија на Баварија (Christlich-Soziale Union in Bayern), предизвика контроверзи заради барањето имигрантските семејства да се обврзани да зборуваат германски и дома.

Сите тужби против њујоршката полиција

Во јули полицијата се обиде да го приведе Ерик Гарнер. Обидувајќи се, еден од полицајците го задави Гарнер кој почина на лице место. Од целиот настан има видео. И покрај ова полицаецот што го уби 44-годишниот црнец нема да биде суден по оваа основа. Само во 2014-та до Њујоршката полиција има 87 жалби за давење.

Операција АУРОРАГОЛД: како НСА ги прислушува мобилните низ светот

Документи од 2012-та покажуваат дека НСА има собрано технички информации за функционирањето на 70% од мобилните мрежи во светот (701 од 985 мрежи) и има листа од 1.201 е-маил "селектор" кој се користи за пресретнување на детали за компанијата од кореспонденцијата на нејзините вработени. (Селектор е термин на НСА за уникатно идентификување на меил или телефонски број.)

На Европа и требаат имигрантите што ги брка

Како за континент кој старее побрзо од кој било друг регион во светот, на Европа би и било далеку подобро ако почне да се помирува со имигрантите, за свое добро.

Кој и колку убива црнци во Америка?

Во изминатите три децении, црн тинејџер имал 21 пати повеќе шанси да загина од полицаец отколку негов бледолики врсник. А последниве години ситуацијата е драстично влошена. 14 од 15.

Кругот е малечок, а во него е ИСИС

Благодарејќи на Ирак и Сирија Американците моментално се борат против терористи кои се опремени со американско оружје, кое всушност требаше да биде искористено убивање на истите овие терористи.

Исчезнатите 43-ца

На 26-ти септември група мексикански студенти патувајќи кон протест во градот Игуала се пресратнати од полицијата. Во престојниот судир, 6 студенти фатално се ранети, а 43 се киднапирани. Се стравува дека сите 43 студенти сега се мртви.

Зошто британското кралско семејство одбива да го посети Израел?

Проблемот го разлага Елиот Абрамс, сегашен член на Советот за надворешни односи (независна и непартиска организација), а поранешен дипломат кој служи на различни позиции за време на Реган и Буш (првиот) и е еден од главните ликови во аферата Иран-Контра.

Приказната на полицаецот Дарен Вилсон

Полицаецот што на 9-ти август го застрела 18-годишниот Мајкл Браун, се до неделава немаше дадено никаква изјава за инцидентот. Во понеделникот, беше објавена неговата верзија на настанот. Коментарот на приказната е "... ова е неверојатно. Мислам, во буквална смисла на терминот: 'тешка и невозможна за верување.'"

Што подразбираат Кинезите под демократија?

Во Австралија, кинескиот претседател неодамна изјави дека земјата има цел до средината на овој век стане "модерна социјалистичка држава која е просперитетна, демократска, културно напредна и хармонична." На австралискиот премиер не му се верува што слуша, конкретно околу делот "демократска." Магазинот Економист објаснува како Кинезите го сфаќаат зборот.

Кога белци прават нереди за глупости

Иако белата страна на Америка од чиста политичка коректност генерално се прави дека го разбира гневот на црнците во Фергусон и околу Фергусон, главниот издувен вентил за нивното незадоволство е - аман не бидете дивјаци и да кршите кај што ќе стигнете.

Сони раскина со ФИФА

Официјално причината е заради преструктуирање на трошоците, неофицијално е заради целата драма што се развива околу претстојните два Мундијала и начинот на кој е доделена нивната организација.

Ангелите на Асад

Исти се како овие на Викторија, само што имаат бради, мускули и најважно воопшто не се исти како тие на Викторија, ама исто како нив сакаат да позираат и да се сликаат дотерани и средени. Инаку, од страна изгледаат како да не можат да се решат дали сакаат да бидат прототип за "bear porn" или да се пријават на аудиција за бој-бенд.

Зошто полицаецот од Фергусон никогаш нема да биде осуден

Фергусон се смири по основа "да оставиме судот да ги реши работите." Поротата вчера одлучи дека не треба да се подигнува судска постапка против полицаецот Дарен Вилсон за убиството на Мајкл Браун. Од ноќеска Фергусон повторно гори. Според новинарот на Слејт јасно е дека Вилсон никогаш нема да лежи затвор, "ама па ако ништо друго, подигнување обвинение против него ќе покажеше дека животот на Браун значел нешто."

Ирваси во служба на полиција

Затоа што ретко кој се снаоѓа во тундрата подобро од ирвасите, Русите решија да направат полициски одред со ирваси што ќе патролираат низ северот на тундрата.

Дали Украина ќе се реши со двобој

Лидерот на отцепениот Луханск го повика украинскиот претседател на двобој. Баш како во времето на Пушкин, да се најдат в зори а му остави и да бира оружје. Има и модерен апдејт: не му пречи да дојдат и телевизии.