По масакрот во Орегон

Заборавете го убиецот, памтете го херојот што го спречи

Човекот што треба да се памти е 30-годишниот Крис Минц, студентот и армиски ветеран кој беше застрелан седум пати додека јуришаше на убиецот во обид да ги спаси другите. Минц ова го направи на 6-от роденден на својот син.

Додека лежел ранет, Минц само повторувал "роденден му е на син ми, роденден му е на син ми."

Кога информацијата за подвигот на Минц стигнала до неговото семејство во Северна Каролина, неговите роднини воопшто не биле изненадени, "звучи како нешто што тој би го направил."

Она што не му се верувало на неговиот братучед, Дерек Буржоа, е дека Минц кој преживеал една тура во Авганистан, за малку ќе загинел во мало гратче во Орегон.

»на темава: На сè се човек навикнува

Буржоа и Минц се пријавуваат во армија веднаш по завршување на средно училиште. Двајцата ја минуваат обуката на различни локации, а потоа и двајцата учествуваат во војната во Авганистан. Кога се враќа од служба, Минц се сели во Орегон каде кратко време држи тренинзи по мешани боречки вештини, а се запишува и во локалниот колеџ со цел да стане фитнес тренер.

"Во четвртокот, Минц го започна денот со пост (на ФБ) кој ја обележи неговата најсреќна годишнина.

Напиша 'Среќен роденден, Тајрик.'

Минц потоа тргна кон колеџот, каде започнуваше првата недела со предавања. Тој го направи токму она што братучед му го очекувал од него да го направи кога убиецот почнал да пука," пишува Мајкл Далиј за Дејли Бист.

Ама некогаш џабе се трудиш:

3 октомври 2015 - 15:14