Спорот треба да го решава Арбитражниот суд во Хаг, а во него Пугачев тврди дека Кремљ намерно ја оштетила неговата бизнис империја со "незаконско преземање на неговите бизниси."
Паралелно со ова Интерпол има потерница за Пугачев, кого руската влада го бара заради проневера на фондови. Обвинението е дека тој присвоил над 700 милиони долари од парите што биле предвидени за спас на Межпромбанк. Пугачев го отфрла обвинението.
Во интервју за Фајненшл Тајмс Пугачев изјави дека сам ќе се застапува пред руските судови, затоа што на сметка има само уште 70 илјади долари и не може да си дозволи да плаќа адвокати.
Тој беше еден од најблиските соработници на Путин за време на првите два мандата, заради што и го добива прекарот "Банкарот на Кремљ". Во 2010-та односите меѓу нив двајца се влошуваат, и тој во 2011-та бега за Лондон. Во скорешно интервју Пугачев изјави дека тој бил еден од тројцата задолжени за избор на наследник на Јелцин (заедно со ќерката и зетот на Јелцин) и дека токму тој го предложил Путин за таа позиција, за сметка на Березовски.