"Сепак, има квака: најголемиот дел од суниските области во Сирија служат како база за ИСИС, кои беа бомбардирани од воената авијација на Саудијците и Емиратите. ИСИС е непријателски настроена кон саудискиот режим, и за нив е важно дали бегалците ја напуштаат својата земја заради ИСИС или заради бомбардирањата.
Секташките проблеми веќе почнаа да се појавуваат во муслиманските држави кои беа отворени за раселените Сиријци, вознемирувајќи го често пати кршливиот етнички и религиозен баланс," пишува Леонид Бершидски.
Како примери тој ги дава:
- Турција, каде Сиријците првенствено беа населени во провинцијата Хатај, која има бројно малцинство од Алавитите. Локалните Алавити не беа премногу гостопримливи, па турските власти направија напори да ги преселат бегалците. На други места, стана јасно дека локалните христијански малцинства исто така се исплашени од дојденците. Курдските бегалци, иако сунити како и мнозинството Турци, беа преселени во области со побројно курдско население. Колку повеќе бегалците беа стационирани на едно место, толку повеќе локалците почнуваат да ги презираат и да ги сметаат за закана.
- Либан, каде балансот меѓу сунити и шиити е посебно деликатен, на властите им е страв дека понатамошното натежнување во корист на сунитите, само ќе ги испровоцира и онака насилните и избувливи припадници на шиитски Хезболах.
- Египет, кој во прво време ги примаше Сиријците, почна да воведува ограничувања откако владата почна да се сомнева дека меѓу беглаците има осомничени за поврзаност со Муслиманското братство, кого владата се обидува да го истреби на сите можни начини.
- Катар, Емиратите и Кувајт веќе имаат повеќе странци во државата, најчесто работници, отколку локално население. Во Катар над 80% од популацијата се странци, слично е и во Емиратите, а Кувајт е на границата од 70%.
"За овие држави, примањето на уште странци не значи само споделување (или намалување) на нафтеното богатство, туку зголемување на потенцијалот за политички, етнички и верски тензии.
Суптилната разлика меѓу политиката и верата, кои често пати се невидливи за Западот, се важни за Средниот Исток. Тие создаваат војни кои се разурнувачки колку што се и тешки за странците да ги разберат," пишува Бершидски.