10 години Ангела Меркел

На 18-ти септември 2005-та, ЦДУ на Меркел со сосема мала разлика ја порази СПД на тогашниот канцелар Герхард Шредер. Победата беше извојувана со плус 1 процент од гласовите, кои на Меркел и донесоа 4 седишта повеќе во парламентот.

Еден месец подоцна партиите формираат голема коалиција и Ангела Меркел станува прва жена канцелар во историјата на Германија, и прв канцелар што доаѓа од поранешна Источна Германија.

Сите овие фактори - мала разлика на избори, прв канцелар од истокот, и големата коалиција - уште од старт беа основа за аналитичарите издржано да и предвидуваат краток рок на Меркел и да и ги одбројуваат деновите на власт.

Од тогаш до денес, во ЕУ се сменија 94 лидери, а Меркел изгледа како да ќе го освои и 4-от мандат ако одлучи да се кандидира и во 2017-та.

Гардијан вади 10 графикони за 10 години од владеењето на Меркел:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

18 септември 2015 - 10:17