Теоријата на политичкиот аналитичар Валериј Соловеј околу санкциите на кашкавал е дека: "сите режими кои пропаѓаат има еден заеднички шаблон. Пред да паднат тие почнуваат ненормално да се однесуваат, и сите се како да ги фатила епидемија на масовна идиотштина. Токму ова моментално се случува и во Русија. Од јавно уништување на храна, до обидите да се забрани Википедија, до прохибицијата на увоз на производи за домаќинство и сета останата идиотштина, мала или голема."
Друга теорија зад ова е претпоставката дека Кремљ го подготвува општеството за она што ќе следува во ера на ниски цени на нафтата, слаба рубља, санкции, и долгорочна конфронтација со Западот.
"Вистинските последици ќе бидат повлекувањето на Русија од глобалните пазари и трансформација на нејзината економија во многу позатворен пазар. Овој пат нè води кон квази-советска економија изолирана од светот и, во исто време, горда на своето самовластие; кон распаѓање на економијата кое за падот на животните стандарди компензира со сеприсутна пропаганда," пишува Владислав Иноземцев, директорот на московскиот Центар за пост-индустриски студии.
Брајан Витмор сето ова во Атлантик го сведува на: "Наскоро треба да дознаеме дали сме сведоци на смртните болки на режимот на Путин или на раѓањето на новата тврдина Русија."