Паниката кај Американците е што Русите бомбардираат цели на кои се знае дека нема припадници на ИСИС, што тие го доживеа крајно контраинтуитивно ако се има предвид дека очекуваа борба против ИСИС.
Одговор на бескрајниот низ на експерти, аналитичари и новинари кои шпекулираа околу руските побуди во изборот на цели за бомбардирање, даде портпаролот на Путин, Дмитри Песков. Според него, мети на Русија се ИСИС и "други групи".
"Овие организации се добро познати и метите се избрани во координација со вооружените сили на Сирија," изјавил Песков.
Вооружените сили на Сирија се армијата на земјата која е под контрола на Башар ал-Асад, чие симнување и беше првичната намера на Американците кога одлучија да почнат да поддржуваат најразлични терористички и умерени опозициски вооружени групи.
Оправданата паника на Американците околу овој критериум за селекција, е што Асад ги смета за терористи и непријатели сите групи во земјата што се против него.
Првите руски воздушни напади беа во областите околу Хомс и Хама, каде што нема ни траг од ИСИС, туку се под контрола на други вооружени групи кои се борат против Асад. Стратешки, Хомс е клучен во поврзувањето на Западна Сирија, поточно Дамаск со крајбрежните градови Латакиа и Тартус, каде што руската морнарица има свои објекти и инсталации.