Наспроти непоколебливиот оптимизам на овој дел од популацијата е мнозинството кое е уверено дека ова не е ни приближно правиот пат за нивните држави (66% во Ирак и 57% во Сирија).
Анкетата во двете држави ја нарачува БиБиСи, а ја спроведува ОРБ Интернешнл.
Во Ирак:
- 90% од Ирачаните сметаат дека има дипломатско решение на сите национални разлики
- 84% веруваат дека ИСИС има "сериозно негативно" влијание
- 56% се против воздушни напади на коалицијата (НАТО)
Во Сирија:
- 50% се против воздушни напади на коалицијата (НАТО)
- 48% веруваат дека ИСИС има "сериозно негативно" влијание
- 21% повеќе им се допаѓа животот сега отколку пред војната
Џони Хералд од ОРБ, објаснува дека "е раширено противењето на бомбардирањето од коалицијата," кое британската влада смета дека го забавува дејствувањето на ИСИС, "ама тоа не значи дека тие ја губат војната. Луѓето не ја напуштаат Рака заради ИСИС - ја напуштаат заради бомбардирањето од коалицијата."
Анкетата на терен ја спровеле 14 супервизори и 40 анкетари. Во градовите под контрола на ИСИС, тие прво контактирале со првиот човек на градот и барале дозвола од него да анкетираат случајно избрани луѓе на улици. Барањето на ИСИС било само да не биде меѓународен медиум и да не се вадат камери на улица.
Во врска со тоа што добар дел од испитаниците од Рака изјавиле дека им е поубаво откако ИСИС го освоил градот, објаснувањето на Хералд е:
"Ним им се допаѓа безбедноста, тие гледаат дека ИСИС се обидува да им помогне на луѓето со струја, со храна, со бензин. И ова е приказната што многумина се желни да ја раскажат."
Што се однесува до општиот став кон ИСИС, Хералд изјавува дека "мнозинството во двете држави се против ИСИС ама тие исто така мислат дека ИСИС е производ на странските држави... што на мене или тебе може да ти изгледа како луда теорија на заговор, ама ова најчестата перцепција."