Свет

Жената што живее од убивање дилери

Филипини се среде брутална пресметка со наркомрежата, иницирана од несекојдневниот претседател Дутерте. За неполни два месеца во војната со дилерите загинале околу 2.000 лица. BBC разговараше со жена што работи како платен убиец на дилери.

Апокалипса веднаш

Оригиналниот и фактографски точен наслов на сторијата е “Најџел Фараж зборуваше на митинг на Доналд Трамп”, меѓутоа сепак не сакаме на прва да вадиме луѓе од памет.

Мамурлакот од брегзит почна да удира

Мнозинството од тие што гласаа за напуштање на ЕУ почнаа да го воочуваат проблемот што луѓето кои ја водеа кампањата за останување во Унијата го имаа уште од првиот ден - брегзитерите немаат поим од економија, и како таа функционира.

Германското разузнавање предупредува на ИСИС меѓу бегалците

Разузнавачките служби за Бибиси тврдат дека имаат докази дека "одреди на смртта" од ИСИС се инфилтрирале во земјата преправени како бегалци.

Венецуела: Кутија тестенини 300 долари, и тоа не е најлошото

Не е проблемот само што има стапка на инфлација која се предвидува дека ќе достигне 2.200%, туку и да имаш пари и некако магично да си отпорен на инфлацијата, нема производи за да можеш да ги купиш.

Постојана вонредна состојба

Франција моментално е во 9-от месец од предвидените 14 и пол месеци вонредна состојба. Кога беше донесена одлуката, таа требаше да помогне Франција да биде побезбедна, но сепак не успеа да го спречи масакрот во Ница, или убиството на свештеник во Нормандија.

Зошто Путин би го слабеел НАТО, кога за тоа ги има Ердоган и Трамп?

Ако Путин правеше планови како да го ослабе НАТО, тој не би можел да смисли нешто подобро од она што се случува во моментот, пишува Блумберг.

Кримскиот излет на Трамп

Како ретко кој американски претседателски кандидат, посебно републиканец, Трамп има крајно мек став кон Русија и Путин, до толку што, без разлика дали свесно или не, како да наговести дека би можел да го признае Крим како руска територија.

Пучистите сакале да ја спасат Турција од отцепување на Курдите

Новооткриени документи покажуваат дека заговорниците биле гневни на обидот на владата да постигне мир со курдските бунтовници, па намерата им била по пучот Ердоган и неговите соработници да ги судат за соработка со терористи заради учеството во 6-годишните преговори со Работничката партија на Курдистан.

Над 400 полицајци во рација на радикална џамија во Германија

Ноќеска германската полиција изврши рација во џамија во градот Хилдесхајм, и во осум станови на членовите на бордот на организацијата која управува со џамијата, откако тие се идентификувани како жариште на радикалниот салафизам во Германија.

Нападите што ќе ја променат Германија

4 напади за 11 дена неизбежно ќе ги натераат Германците да ги преиспитаат своите ставови околу некои работи кои иако никој не веруваше дека се решени, сите успешно ги избегнуваа, пишува германскиот печат.

Вечерта на Хилари на која многумина пожалија што не можат да гласаат за Мишел

Сандерс едвај ги смири гневните фанови, Мишел Обама одржа говор за во учебници по ораторство, исвиркана беше и Елизабет Ворен. Настапи Пол Сајмон (инаку фан на Берни), чија изведба на Bridge Over Troubled Water беше доста неубедлива па твитерџии искоментираа дека "Русите и него го хакнале". Епилог: Хилари е кандидатот на Демократите кој ќе треба да смисли начин како да го сопре Трамп.

Извонредната прва недела на Борис Џонсон

Уште ја немаше завршено турата низ своите нови канцеларии, а новиот британски министер за надворешни работи беше приморан да се справува со обид за преврат во Турција, пишува дипломатскиот дописник на Бибиси, Џејмс Ландал.

Русија бомбардираше американска база во Сирија

Минатиот месец руската авијација се истури на еден оддалечен гарнизон на југоистокот од Сирија, во редовна мисија на бомбардирање бунтовници. Од Вашингтон и од Лондон реагираат дека Русите знаат дека ниту мисијата е редовна, ниту дека таму имало бунтовници.

Минхен неќе пасти

Над Минхен летаат хеликоптери, јавниот превоз е прекинат, а луѓето се советуваат да не се собираат на јавни места бидејќи во тек е потера по напаѓачите кои убија 8 или 9 луѓе пукајќи кому иде по градот. А со напаѓач избеган на кровот, муабети Југос.

Тед Круз го понижи Трамп пред своите

Како што во говорот на главната партиска конвенција одби да го поддржи Трамп, така симпатизерите на Круз во салата во Кливленд извикуваа "2020". Процената е дека ако излезе според планираното (Трамп да ги изгуби изборите) Круз ќе биде најверојатниот кандидат на партиските избори 2020.

Хулуси Акар, киднапираниот генерал

Во петокот вечерта, на почетокот од пучот, еден од најблиските соработници на генералот Акар, влегува во неговиот кабинет и со каиш околу врат го киднапира командантот на вооружените сили на Турција.

Драг Борис, или предупредување за Џонсон околу Западен Балкан

На заминувањето од функцијата, поранешниот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, на својот наследник му остави упатство за министри за надворешни работи од 10 точки.

Бунтовници поддржани од САД обезглавија дете

Во брутална снимка која се очекува да ги има сите обележја на ИСИС, група бунтовници кои заради својата "умереност" доби поддршка од САД во борбата против Асад и Исламската држава, обезглавува дете заробено во близина на Алепо.

За добро на Турција Ердоган треба да се воздржи да биде Ердоган

За Ердоган спасот на политичката кариера (а потенцијално и животот) започна на аеродромот во Истанбул, каде изјави дека обидот за пуч бил дар од бога затоа што сега ќе може да ја исчисти армијата и вети дека пучистите "ќе платат висока цена за ова". Заменикот уредник на Гардијан, сака да верува дека целата работа може и помирољубиво да се разреши.

Ердоган испадна ербап

Утрото не осамна ведро за оние кои ноќта се обидоа со воен удар да го срушат Ердоган. Тој е во Истанбул, војниците се предаваат, лојалните вооружени сили ја преземаат контролата врз земјата и масовно апсат лица вклучени во превратот. Утрото не осамна никако за неколку десетини луѓе, меѓу кои има и цивили, кои загинаа во пучот.

Државен удар во Турција

Откако во 21 часот турскиот премиер Бинали Јилдирим објави дека имало обид за воен удар во земјата, турската војска во изјава објавена пред 21:30 соопшти дека ја има преземено власта во земјата.

Воен удар во Турција

Турските и светските медиуми јавуваат дека турската војска ги блокирала стратешките точки во Истанбул и дека најверојатно се работи за воен удар.

Французите беа спремни за нуклеарки и биолошко оружје, не и за камион

Пред почетокот на Европското првенство во Франција беше изведена генерална проба во случај на голем напад, па низ француските градови, вклучувајќи ја и Ница, беа симулирани најразлични напади, како и можните решенија за справување со жртвите.