„Не може еден дрон купен за 200 долари од Амазон да се справи со наш Патриот“, напиша генералот Дејвид Г, Пекринс, командант за тренинг и доткрина на американската војска, како коментар на објавената вест за срушениот дрон.
Тој вели дека ракетата не била испукана од Американците туку од, како што кажа, „сојузник кој се бори со непријателот“.
Ракетите Патриот се погодни за елиминација на мали и брзи летечки објекти но есапот останува ист: една поединечна ракета од тој ракетен земја - воздух систем чини 3,4 милиони долари. За дроновите и самиот Перкинс има сугерирано дека треба да се размислува за алтернативни и поевтини начин за одбрана, како што се електронски и сајбер мерки.