Таг: дрон

На САД не им се губат уште дронови над Црното море

Откако еден Рипер дрон им заврши на дното на Црното море по судирот со руската авијација, САД ја симнаа на југ границата до која смеат да летаат нивните разузнавачки дронови како не би им се повторил инцидентот.

Дрон едносед

Тежи 90 килограми, чини 92 илајди евра и може да ве однесе од каде сакате до каде сакате, се додека таму се стигнува за 20 минути.

И во Лондон имаат Скопје 2014

Добро, не баш, ама дел од жителите на главниот град на Британија поставувањето на делото „Крајот“ на плоштадот Трафалгар го доживуваат како крај на добриот вкус. Сепак 9-метарско купче шлаг делува поинтересно од луѓе на коњ.

Новиот случај со дрон: Кој кого провоцирал во Луксембург и зошто

Во Лига Европа синоќа и во текот на вчерашниот ден беше генерално мирно од навивачки аспект: немаше брканици по плоштади, немаше повредени или приведени. Ама затоа имаше нов случај дрон.

Многу лош обид да сруши дрон со топка во ЛЕ

Мечот од Лига Европа меѓу Дуделанж и Карабах синоќа беше во прекин, откако некој среде Луксембург се обиде да го испровоцира азербејџанскиот тим со ерменско знаме закачено на дрон, а проблемот е што Ерменија и Азербејџан се од поодамна во војна. Еден од играчите се обиде да го симне, како порано во маало кога ќе ни се закачи топка на дрво. Се посрамоти за сите пари.

Пази, дрон не е баш за секаде

На баражот од третата аргентинска лига Торнео Федерал меѓу Гимназија де Мендоза и клубот Митре, еден навивач покажа дека баш му е гајле за модерната технологија снимање со дрон на фудбалските натпревари.

Дрон со знаме на голема Албанија леташе над стадионот Чаир

Фудбалерите на Шкупи и Вардар се сретнаа во дербито на колото во македонскиот шампионат кое мина во знакот на една провокација, идентична како онаа во Белград пред три години кога навивачите се тепаа со играчите.

Свети Патриот и кајгана

Американски генерал беше горд што американска ракета „од прва“ срушила еден дрон. Можеби мал домаќински проблем е што вториов може да се набави за 200 долари а испуканата ракета вредела 3,4 милиони долари.