Вардар славеше 0:2 на гости против Шкупи во 28. коло од македонското првенство, победа со која е се поблиску до новата шампионска титула. Но мирната атмосфера од натпреварот на стадионот во Чаир се извалка со дрон на кој беше закачено знаме на голема Албанија.
За сега нема информации кој и зошто се впушта во вакви непотребни провокации кои немаат никаква врска со фудбал и останува да видиме дали ФФМ ќе го казни домаќинот за овој пропуст.
Ист ваков инцидент се случи на квалификацискиот меч за ЕП 2016 меѓу Србија и Албанија во Белград во октомври 2014-та по кој настана тепачка на терен.
Судот за спортска арбитража во Лозана тогаш ѝ додели три бода на Албанија, а домаќите со многу гнев ја прифатија конечната одлука за контроверзниот меч.
Дронот во Белград го активираше извесен Исмаил Морина.