Во 32’ минута од мечот меѓу Дуделанж и Карабах, претставници на Луксембург и Азербејџан, судијата го прекина натпреварот затоа што на терен се спушти дрон на кој имаше знаме на непризнатата Република Нагорно-Карабах.
Еден фудбалер на Карабах проба да рогне топка во дронот ама не само што не успеа, туку топката фати многу смешна насока.
После пет минути мечот продолжи, а Карабах на крај славеше со 1:4.
На твитер профилот на англиски јазик на Карабах нетипично реагираа на овој скандал: објавија пост каде девојка стои на коњ и вее знаме на Азербејџан, со коментар: Карабах е еден од најдревните региони во Азербејџан.
#Karabakh is one of the ancient historical regions of Azerbaijan!!! pic.twitter.com/PdoYXILLvi
— Qarabağ FK English (@FKQarabaghEN) October 3, 2019
Војната за Нагорно Карабах избила веднаш по распадот на СССР - Ерменија и Азербејџан не можеле да ја поделат територијата и да се договорот, па така избил сериозен конфликт.
Воените дејствија траеле три години, загинале десетина илјади војници и цивили.
Денес Република Нагорно Карабах е непризната држава со мнозинско ерменско население кое се наоѓа под контрола на властите во Ерменија. Но Азербејџан го смета Карабах за своја територија која што ја окупирале Ерменците.
Војната заврши во 1994 година, но односите меѓу земјите не се подобрени. Напротив. Секој кој престојувал во Нагорно Карабах, се наоѓа на црн список и не може да влезе во Азербејџан. На граѓаните на Ерменија и етничките Ерменци со пасош на друга држава исто така не смеат да влегуваат затоа што пограничната служба и азербејџанските превозници објаснуваат дека е ризично.
Конфликтот влијаеше и на тоа во финалето на Лига Европа годинава, кое се играше во Баку, да го пропушти Хенрих Михтарјан, капитенот и лидер на репрезентацијата на Ерменија кој тогаш играше за Арсенал.
Михтарјан се консултирал со семејството дали да патува во Баку каде од владата на Азербејџан му гарантираа безбедност, но на крај се откажал.