Борусија Менхенгладбах, Бриж, Севиља, Волфсбург, Јанг Бојс и Генгамп ги добија директните дуели и се пласираа во следната рунда. Фудбалерите на Днипро го изненадија Сент Етјен, а во прилог им одеше срамната одлука на судијата на мечот Карабах-Интер кој им поништи чист гол на домаќините и му ја скрати радоста на Муарем Муарем.