Есенва тимот на Диего Симеоне има само една победа на последните 8 мечеви. Таква лоша серија во Мадрид не виделе цели шест години.
Најголемото изненадување на вечерта во Лигата на шампионите го направи Карабах кој водеше 0-1 против Атлетико па 20-ина минути со играч помалку сочува голем бод (1-1). Сега „Јорганџиите“ имаат 3 бода (ниедна победа) а од второпласираниот Челси заостануваат 4 бода. Од Рома 5 бода.
За да влезат во плејофот неопходно ќе им биде да ја победат Рома (дома) и Челси (на Стемфорд Бриџ). Во таква состојба е екипата која два пати во последните четири години играше во финалето на Лига на шампиони.
Неколку важни факти:
- Атлетико првпат со Диего Симеоне не победил ниеден меч од стартните 4 во Лига на шампиони.
- Атлетико првпат при Диего Симеоне три пати по ред играл нерешено дома.
- Карабах го даде голот со глава после прекин и тоа ги чуди сите затоа што Атлетико претходно практично невозможно беше да прими гол од прекин. Сезонава веќе прими 7 по нафрлувања.
- Атлетико половина час против Карабах играше со играч повеќе но не даде победнички гол.
- Мадриѓаните упатија 35 шута кон голот на Карабах но сите безуспешни. Тоа е и главниот проблем на екипата: шутираат највеќе од сите во Лига на шампиони (79 шута во 4 кола) но дале само 2 гола.