Африканскиот глобален економски и развоен самит за одржлив развој на Африка годинава се одржал во Универзитет во Јужна Калифорнија и минал прилично тивко откако на околу 100 учесници од самата Африка им биле одбиени барањата за визи.
Самитот требало да ги охрабри американските бизнисмени да инвестираат во континентот и да поддржуваат проекти за чиста енергија, намалување на сиромаштијата и други звучни каузи. Настанот бил предвиден за претприемачи, корпорации и политички и цивилни лидери од САД како и за делегации од цела Африка.
Од последново - нула.
„Обично ни одбиваат по околу 40% од пријавените делегати. Годинава беше 100%, од сите делегации. Многу тажно бидејќи вака луѓето комплетно се обесхрабруваат“, изјави организаторка на Самитот.
Меѓу одбиените биле експерти и владини претставници од Сиера Леоне, Гвинеја, Гана, Нигерија, Етиопија и Јужна Африка. Нивните барања за влез во САД биле одбиени без посебно објаснување.