Дилемата е дали сега е потребен специјален обвинител одговорен за наодите на разузнавачите, кој ќе може да работи паралелно со новата американска администрација, која во повеќе наврати отфрлаше какви било врски меѓу кампањата на Трамп и Русија.
Именувањето на Џеф Сешнс за главен јавен обвинител на САД, не влева многу доверба, имајќи предвид дека тој е еден од најблиските советници од кампањата на Трамп. Во моментот во САД се водат неколку истраги за мешањето на Русите во американските избори, меѓутоа "ниту една од нив не е замена за комплетна и независна истрага".
Потребата од специјален обвинител потекнува и од тоа што според сегашната хиерархија Департманот за правда во основа би требало да истражува членови на администрација чиј дел е и самиот департман.
Кен Гуд и Кејт Мартин од Центарот за американски прогрес, сумираат 6 причини зошто е неопходно именување на специјален јавен обвинител кој би го истражил сето ова.
1. Разузнавачката заедница заклучи дека Русија активно се мешала во американските избори.
2. Постојат суштински обвинувања во врска со можната вклученост на Американци во руските активности за време на изборната кампања.
3. Има докази за тајна соработка меѓу администрацијата на Трамп и Русија во однос на американските санкции против Русија за нејзиното мешање во изборите.
4. Постапките на претседателот Трамп предизвикуваат значителни сомнежи во однос на неговите врски со Русија.
5. ФБИ и нивниот директор исто така се под сомнеж заради нивните докази за време на изборите.
6. Јавниот обвинител Сешнс играше клучна улога во кампањата на Трамп, а тоа што неговиот помошник служи како клучен советник во Белата куќа, исто така го покрева прашањето за постоење на судир на интереси.
Поопширно за секоја од овие точки, тука