Признавајќи дека методологијата не им е баш најсовршена, Вашингтон пост тврди дека од овие 744 часа, најголемиот дел Трамп не бил во канцеларија.
Една од поважните бројки што ги вади весникот е дека Трамп на разузнавачки брифинзи во овој месец дена има потрошено само 6 часа, нешто повеќе од 1 час неделно, а на надворешни работи околу 21 час. Наспроти ова, во истиот период тој минува вкупно 25 часа на голф во Флорида, во неговиот ресорт Мар-а-лаго. На твитање, американскиот претседател потрошил 13 часа, за овој период напишал вкупно 199 твитови.
Од работните задачи, времето се дели на:
- Прес-конференции: 4 часа
- Разузнавачки брифинзи: 6 часа
- Потпишување закони и извршни наредби: 6 часа
- Телефонски разговори и средби со странски лидери: 21 час
- Состаноци со разни групи: 14 часа
На патување со претседателскиот авион, брод и хеликоптер, Трамп потрошила 16 часа, од кои најголемиот дел се од и до Палм Бич, каде што е сместен неговиот ресорт. Освен Вашингтон и Палм Бич, Трамп има потрошено само 10 часа на престој во други места.
"Како што забележа некој на Твитер, тоа што мина првиот месец на Трамп од неговиот 4-годишен мандат - е исто како да истекла првата минута од НБА натпревар," пишува Филип Бамп во текстот за Вашингтон пост.