Свет

84 мртви откако камион удира во толпа во Ница

За време на прославата на националниот празник на Франција се случи масакр откако камион влета во луѓето кои го прославуваа Денот на Бастилја на шеталиштето во Ница.

Оланд оцени дека Баросо одиграл неморално

Европскиот социјалистички претседател чиј бербер има плата од 10.000 евра рече дека одлуката на екс претседателот на Европската комисија да работи за Голдман Сакс е морално неприфатлива.

Не се сомневајте дека новата НАТО стратегија е Студена војна 2.0

Спротивно од декларативните пораки на неговите челници, она што НАТО го реши на последниот самит е знак дека започнува нова Студена војна. Првата траеше 43 години. И не, не е ова руска проценка.

Пентагон против Обама околу Путин

Администрацијата на Обама се повеќе е наклонета кон рускиот предлог американските сили во Сирија да се координираат со Русите. Вака неприродниот оптимизам ни најмалку не го споделуваат деловите од американската војска и разузнавање кои на теренот работат со локалните сириски опозициони сили, што во основа се истите американски претставници кои би требало да го спроведат планот.

Тага тешка 68 милијарди долари

Не дека американскиот амбасадор во Македонија нема причини да плаче по парите фрлени во квалитетот на нашиот судски систем (55 милиони долари, обучени 600 судии и 300 обвинители). За малку да ја ублажиме таа тага, одиме до Авганистан.

Што се знае за убиецот од Далас

Се вика Мајка Ксавиер Џонсон, има 25 години, инаку е резервист на американската армија кој има служено во Авганистан. Наспроти првичните извештаи, сега се верува дека тој е единствениот снајперист од Далас.

Ни Данците не можат да го положат тестот за Данци

Ако си мигрант и сакаш да станеш дански граѓанин, треба ова да го знаеш: Кој дански ресторан доби трета Мишелин ѕвезда во февруари 2016? Колку општини има во Данска? Во кое соѕвездие во 16-от век данскиот астроном Тихо Брахе откри нова ѕвезда?

Снајперисти застрелаа 12 полицајци во Далас

Пет полицајци се убиени, а седуммина се ранети од снајперисти за време на протестите во Далас против убивањето црнци од страна на полицијата.

Кога економистите навиваа за робовладетелство

Една подзаборавена група француски економисти од 18 век, теоретски но и практично ги поставила основите на она што денес го знаеме како слободна трговија и државна дерегулација. Иако звучи како достигнување, тоа е така само ако се изземат милионите жртви на трговијата со робови, кои се неодвоиво поврзани со приказната за настанокот на современиот капитализам.

Воената интервенција не беше единственото решение

Британија одлучи да се приклучи на инвазијата на Ирак пред да бидат истрошени сите мировни опции за разоружување, заклучува 7-годишната истрага на Чилкот, чија задача беше да ги истражи првите 8 години од војната.

После сè Обама би да биде газда на бутик

До сега Обама има спомнато дека по завршувањето на мандатот (во јануари 2017) би сакал да биде сопственик на НБА тим или да врши филантропска работа. Најново е дека сонува за отворање продавничка за маички на Хаваи.

Укип версус Сорос

Џерард Батен, британски евро-парламентарец од УКИП: "Јас сум за воведување европски данок. Бидејќи ако трошоците на ЕУ се претворат во данок, тогаш луѓето ќе видат колку таа Унија ги чини, и сите ќе сакаат да излезат од неа".  Од друга страна, Сорос..потешко... се... титлува.

Драмата меѓу брегзитџиите

Борис Џонсон му зари нож во грб на сопартиецот Дејвид Камерон. Мајкл Гов му зари нож во грб на пријателот Дејвид Камерон. Во третиот чин од драмата, Мајкл Гов му зари нож во грб на соборецот од борбата за брегзит, Борис Џонсон.

Имаме јасни сигнали за распаѓање на Унијата

Според поранешниот комесар за проширување на ЕУ, Брегзит бил позитивен шок за сите бидејќи сега веројатно станува јасно дека Унијата мора да биде поатрактивна. Гинтер Верхојген страхува дека под сегашното раководство, таа можеби нема да преживее.

Зошто Шкотска нема да добие уште еден референдум за независност

Дури и да не се случеше брегзит независноста на Шкотска би била сериозно проблематична на политичко ниво, а и самата шкотска економија не е во состојба да го издржи потенцијалното излегување од Британија.

Младите го изгубија референдумот за брегзит

Според анкети, останувањето во ЕУ беше доминантната опција меѓу младите гласачи. На терен, младите ги имаа бројките за нивната опција да победи. На денот на референдумот, тие ја немаа волјата да се изборат за она што го сакаат.

Манипулации на петицијата за втор ЕУ референдум?

Откако во рок од неколку дена петицијата за втор референдум собра над 3 милиони потписи, британските парламентарни власти почнаа со нејзина анализа. Излезе дека голем број не-Британци некако успеале да ја потпишат.

Сите поделби и тензии што излегоа од брегзит

На само неколку дена по референдумот за напуштање на Унијата излегоа првите нус-појави од инсистирањето на Британците за отцепување од ЕУ. Асошиејтед прес сумираше неколку проблеми кои се појавија само на територијата на поранешна и сегашна ЕУ.

Запознајте ги луѓето кои работат на следниот Брегзит

Брегзит ги разгоре идеите за независност, враќање на суверенитетот, преземање на судбината во свои раце.... Дузина лидери на политички партии се надеваат дека  ќе го издејствуваат следното напуштање на Европската Унија. И на сите -  рејтинзите им се во подем.

Како Британија се прелажа самата себе да замине од Европа

На неколку часа по прогласувањето на брегзит, Најџел Фараж пред ТВ камерите призна дека трошоците и бенефитот од напуштањето на ЕУ што упорно ги повторуваше за време кампањата, биле прилично произволни. Според експертите, проблемот е што ова е само "врв од сантата."

Британија избра да ја напушти ЕУ

Со 52 наспроти 48 проценти од гласовите британскиот народ на референдумот избра напуштање на Европската Унија, резултат кој Гардијан го опишува како најголем пораз на естаблишментот во изминатите децении. По поразот на референдумот, во утринското обраќање британскиот премиер поднесе оставка.

Џорџ Сорос се клади на Русија

За време на собирот "Отворена Русија" што Михаил Ходорковски го организира во Лондон, Сорос порача дека ова е период на подем на Русија, и во исто време распаѓање на ЕУ.

Трамп издиша со реклами

Човекот кој успеа да го преживее баражот од негативни реклами (и речиси неспоредливо многу критики) за да стигне до републиканската номинација, пред почетокот на битката со Хилари изгледа многу кутро во однос на капацитетите за купување простор за реклами.

Миграцијата на кинеските милионери

Во изминатите децении само во Ванкувер се имаат преселено над 100.000 кинески милионери, доволно голема бројка и статус за сериозно да влијаат на локалната економија, пазарот на недвижности и општо на градот, кој 5-та година по ред е прогласен за (финансиски) најнедостапен град во светот.