Мигранти:

Подобро уапсен во Канада откако на слобода во САД

Канадски граничар: „Ако направите само уште еден чекор ќе мора да ве приведеме и да ве однесеме во притвор“. Мигрантот клима со глава дека ја разбрал пораката. И го прави чекорот.

Канадската планинска полиција последниве месеци детектира наплив на илегални преминувања на границата со САД а и провинцијата Квебек има рекорден број на луѓе што доаѓаат од југ и бараат азил.

Мигранти кои дошле во САД од други земји се повеќе решаваат да продолжат на север бидејќи не се сигурни како во новите политички услови американските служби ќе ги третираат нивните случаи. 

Границата најчесто се минува на северот од државата Њујорк каде постојат неколку лесни точки за преминување. Канадската полиција и граничните служби ги знаат местата и се присутни на терен. Мигрантите гледаат дека ги чека полиција и сепак проаѓаат.

Класична сцена изгледа вака:

Приоѓа жена која држи бебе во едната и куфер во другата рака. Канадскиот полицаец и дофрла:

Морате да минете низ царинска контрола. Ако минете овде, ќе бидеме принудени да ве лишиме од слобода и да ве однесеме во притвор.

Жената климнува со главата и доаѓа кон нив. Еден полицаец се понудува да помогне околу бебето, друг го зема куферот.

По процедура, се носат во станица и им се проверуваа документите. Ако службите решат дека не претставуваат закана за безбедноста, влегуваат во процедура за мигрантски статус или азил. Имаат право во притвор да ги држат најмногу 24 часа по што мораат или да ги пуштат или да ги однесат пред судија

17 февруари 2017 - 17:49