Алтернативниот план за Украина кој предидува Украина да ѝ го рента Крим на подолго време, за Русија е апсурден и комплетно неприфатлив.
„Тука нема муабет. Како Русија може да изнајми регион кој е нејзин?“, праша прес секретарот на Путин, Владимир Песков.
Нацрт планот е дело на украинскиот парламентарец Андреј Артаменко и во Белата куќа бил доставен преку личниот адвокат на Трамп и еден руско-американски бизнисмен близок до круговите на Трамп, поточно до Мајкл Флин кој неодамна поднесе оставка заради неовластено флертување со Русија.
Планот предвидува повлекување на руските сили од источна Украина а на референдум би се решавало дали Крим да ѝ биде изнајмен на Русија во период од 50 до 100 години. Би се прогласила и општа амнестија за учесниците во конфликтот, освен за оние вмешани во сериозни злосторства а границата со Русија комплетно би се отворила 72 часа за да можат земјата да ја напуштат сите оние кои тоа го сакаат пред Украина да ја презеде контролата врз областите кои сега ги држат руските сепаратисти.
Ваквиот план и во Киев не мина добро и се толкува како удар од зад грб на претседателот Петро Порошенко кој во неколку наврати повтори дека нема да го трампа Донбас за Крим и инсистира единствена рамка да биде договорот од Минск, преговаран со Путин пред две години
Неодамнешниата одлука на Москва да ги признае патните документи кои ги издаваат бунтовничките власти во Донецк и Лугањ, Украина го толкува како грубо кршење на тој договор.