Американскиот милијардер што помогна Британија да излезе од ЕУ

Роберт Мерсер е хеџ-фонд менаџер во чие резиме меѓу другото стои и дека е пријател со Најџел Фараж, дека брегзит е делумно и негова заслуга, дека е еден од сопствениците не Бреитбарт, и дека минатата година беше донатор на кампањата на Доналд Трамп.

За време на кампањата за брегзит Мерсер им ги има позајмено своите аналитичари на податоци на страната што се бореше за напуштање на ЕУ, за да им помогнат и да ги подучат како подобро да ги таргетираат неопределените гласачи преку Фејсбук.

Соработката е преку Кембриџ аналитика, сестра компанија на СЦЛ груп која има над 25 години искуство со воени кампањи за дезинформации и "менаџмент на избори". Компанијата тврди дека користи најнапредна технологија за да изгради "лични психометриски профили на гласачите и да најде и таргетира што нив ги тера да реагираат емоционално". Сето ова го прави преку податоците за корисниците кои се јавно достапни на Фејсбук. За оваа технологија тимот на Трамп плати над 6 милиони долари, во ловот по неопределените гласачи.

Мерсер му ја понудил бесплатно својата поддршка на Фараж, заради "нивното старо семејно пријателство" и затоа што застапувале исти ставови. Уште не е потврдено дали преку ова пријателство Фараж беше на гости кај кампњата на Трамп.

Стратегијата вклучувала собирање податоци за илјадници луѓе од Фејсбук и останати социјалните медиуми, кои потоа се компјутерски анализирани за како најпрецизно пораката за брегзит да се рашири низ мрежата на таргетираните гласачи. Кампањата за напуштање на ЕУ, подоцна ги користи овие податоци во комбинација со вештачка интелигенција "за да одлучи кого да таргетира со крајно индивидуализирани реклами". За оваа потреба кампањата за напуштање имаше изработено илјадници индивидуализирани верзии на својата порака.

Во САД Мерсер се поврзува прво со Тед Круз, а по неговото излегување од кампањата тој се префрла во кампот кај Трамп. Мерсер освен што го финансира Трамп е и човекот кој "му ги мести" двата најизвикани советника на новиот претседател - Стив Бенон и Келиен Конвеј.

27 февруари 2017 - 10:19