Неколку десетици членови, предводени од парламентарецот Андреј Билетски, почнаа пред затворениот излог на банката да креваат ѕид од бетонски блокови.
Екипата најави дека слично ги чека сите преставништва на банката во Украина.
На ѕидоградбата и претходеше обвинување од официјален Киев дека украинската филијала на банката работи со иматели на пасош од самопрогласените републики од источна Украина - Донетск и Луганск. Од банката го негираат ова, порачувајќи дека такво нешто "не доаѓа предвид".
Украинскиот премиер вети "адекватен одговор" доколку овие обвиненија се докажат, а украинската национална банка веќе ги разгледува опциите за започнување санкции.