Свет

Никогаш не знаеш од каде ќе ти изникне руска инвазија

Финска, држава во историски константна состојба на "да не реши комшијата утре дека сме негови", со закон забрани носење маскирна и воена облека без обележја, како превенција од повторување на снимките од Украина и Крим.

Убаво се живее од стравот од Русија

Романците им се пожалија на Американците колку им е блиску руската база во Севастопол, на Крим. Американците го смирија: спремете 4 милијарди долари и ништо не ви можат.

Двајца лути политички ривали се најдоа во ист затвор

Екс претседателот на Перу Фуџимори веќе десет години се наоѓа во затвор, специјално изграден за него. Но, министерството за правда пред некој месец најави дека ќе ги проширува капацитетите на затворот, не прецизирајќи за кого. Од пред некој ден, друштво на Фуџимори му прави човекот кој направи пуч против него.   

Америка треба да ја отфрли идејата за Украина во НАТО

„Тоа е идеја која со текот на времето станува сè полоша“, вели една анализа објавена во Форбс во која на гео-стратегијата се гледа од чисто американска перспектива. Што е и логично бидејќи ако дојде до конфликт меѓу НАТО и Русија, западните надежи сигурно нема да бидат свртени кон воениот капацитет на една Црна Гора.

Израел го издаде Сорос

Виктор Орбан ја продолжува војната со Сорос ставајќи го на билборди. Израелскиот амбасадор во Унгарја им вика дека тоа не е убаво. Но, неговите шефови од министерството за надворешни работи, на Унгарците им викаат: Слободно терајте си вие со Сорос.

Тајните документи што ја објаснуваат катарската криза

Во 2013 и 2014 Катар потпишува серија договори со своите соседи од Персискиот залив дека нема да им дава поддршка на опозициски и непријателски групи во границите на овие држави, плус во Египет и Јемен. Неколку години подоцна Катар преку ноќ завршува скоро па херметички затворен.

Снимки од фронтот во Хамбург

На улица во Хамбург е збирштина од "анти сè", внатре на безбедно и под клима е збирштина од "како да направиме пари од сè". Темите и надвор и внатре се стандардни и веќе традиционални за овој настан. Разликата е што годинава баш на Хамбург му се падна да биде домаќин на сето ова.

Ќе бега ли и Чешка од ЕУ?

Во Чешка преовладува мислењето дека ЕУ е затвор за Европјаните бидејќи го суспендира националниот суверенитет и си дозволува сама да решава за битни прашања на нејзините членки. Таквата амотсфера уште повеќе ќе зајакне откако ќе стигнат санкциите на Унијата за тоа што земјата нејќе да прима бегалци.

Брегзитаџија пишман-аџија

Човекот кој ја водеше кампањата за Брегзит и ги извади некои од нејзини најефектни слогани, сега вели дека излегувањето од ЕУ било грешка. 

Сине каква журка беше, можеше кардинал да излезеш

Не е вест кога полиција ќе направи рација во стан за да прекине журка на која врие од дрога. Вест е кога полиција ќе направи рација во стан за да прекине геј-оргија на која врие од дрога, и станот да е на католички кардинал, и да се наоѓа сред Ватикан.

Има ли Русија подобар Путин од Путин?

Откако Немцов го отепаа а Каспаров ја напушти Русија, единствено лице на руската опозиција е Александар Навални. А и тој е малку во затвор. Но, поголем проблем е што и кога е на слобода, тој е многу сличен на Путин.

"Вселенски сили" на САД

Американците планираат оформување на "Вселенски сили" кои би биле посебна, 6-та, гранка на вооружените сили на земјата.

Филипини наредија химната да се пее со ентузијазам

Претставничкиот дом на филипинскиот парламент одобри закон според кој химната не само што мора да се пее, туку тоа мора да се прави со ентузијазам. Објаснување за оние што се прават Шошони: се мисли на државната химна на Филипини, а не на некоја соседна држава, која некои пратеници ги дира во срце.

Добар дел Европјани мислат дека ЕУ нема да постои следните 10 години

Многумина веруваа дека заради прочуената англиска самобендисаност (кога има магла на Ла Манш, островјаните викаат: Континентот е отсечен од нас), нивното заминување ќе значи похармонично европско семејство. Но, што Европјаните навистина мислат за ЕУ?

Тројца CNN-аши дадоа оставки заради Русија

Големите и етаблирани американски медиуми одамна толку упорно и систематски не се брукале како со повеќемесечната хистерија околу наводите за руско хакирање на американските избори. За да биде резилот поголем, последната епизода им ја раскурца про-рускиот Спутњик њуз, кој генерално служи за подсмевање и пример за пропаганда. И после велешани биле проблемот.

Пожарот во Гренфел кулата е предизвикан од запален фрижидер

Лондонскиот пожар во кој загинуваат 79 лица, а уште толку се повредени, го започнува опожарен фрижидер за длабоко замрзнување, соопшти британската полиција.

Дали стварно е страшно ако светот стане потопол за некој степен?

Не е страшно ако немате гајле од пожари, еднаш во 1000 години невремиња и смртоносни топлински бранови. Инаку да, страшно е.

Тренинзите на Путин

За време на интервјуата со Оливер Стоун за 4-часовниот документарец, 64-годишниот руски претседател меѓу другото објаснува дека вежба 7 дена во неделата.

Не гледај што продавам, гледај што зборам

Откако го критикуваше Катар дека го поддржува муслиманскиот тероризам, следниот (принуден) потег на Трамп беше - продажба на оружје на Катар во вредност од 12 милијарди долари.

Има ли 4.000 крави во авионот?

Чувствувајќи дека е вистинскиот момент за креативни решенија, бизнисмен одлучува ембаргото на увоз на храна кон Катар наметнато од соседите да го реши со досега најголемиот авио-превоз на стока во историјата на воздухопловството.

Како 68-годишен британски социјалист ги натера младите да излезат на гласање

Печатот се подбива со човекот, противниците се подбиваат со него, а исто и најголемиот дел од избраните членови на неговата партија. Пред гласањето неговите шанси се движеа меѓу комплетен пораз и пропаст. И на крај стварно Тереза Меј освои повеќе пратеници, меѓутоа општиот впечаток е дека Џереми Корбин е победникот.

Макрон состави изборна листа од кастинг за пратеници

Соработниците на францускиот претседател организираа аудиција за пратеници на која се пријавиле околу 19.000 мажи и жени. Специјална комисија од партијата разговарала со 1.700 од нив, за на крај да изберат нешто повеќе од 520 кандидати, раководејќи се од принципот - кој ќе успее да ја убеди комисијата, ќе собере и гласачи.

Сите сме ние мигранти

Галуп открива дека преку 700 милиони жители на оваа планета не се задоволни од местото во кое живеат и би се преселиле на некое друго место, во друга држава. Освен кај стандардниот планетарен чемер, ваквата желба најмногу расте во европските држави кои се оставени надвор од ЕУ. Албанија, на пример, е во топ три потенцијални мигранти, а и ние не сме „лоши“.

Катарците во јуриш на супер-маркетите

Откако во понеделникот се разбудија блокирани како од блиски, така и од далечни соседи, Катарците се соочија со една стратешки проблематична реалност: пари од нафта не се јадат.