До 2025 вкупниот број на вработени во Шведска се очекува да порасне за 207.000 луѓе, и тоа не е ни приближно доволно луѓе во однос на тоа колкави се вистинските потреби на земјата за вработување.
Најслабата алка во целата работа се локалните власти, кои не можат да дојдат до доволно работна сила потребна за покривање на секојдневното функционирање на локалните единици, од градинки и училишта, до болници и центри за грижа за стари лица.
Во претходните 10 години, 2007 - 2017, работната сила на земјата се зголеми за 488.000 лица, од кои нешто помалку од третина завршија во јавниот сектор.
Главната економистка на шведската Асоцијација на локални власти и региони, Аника Валенског, објаснува дека тешко е да се замисли дека овие 207 илјади луѓе ќе се вработат во локалните власти, и предупредува дека најголемата опасност е дека „јавниот и приватниот сектор на крај ќе се натпреваруваат за истите работници.“
За ова да се репарира потребни се три мерки: забрзување на автоматизацијата, зголемено вработување и реформа на социјалната држава, во спротивно Валенског предупредува „нема да имаме доволно луѓе за да продолжиме да работиме како што сме работеле.“
Државата ќе го помогне работењето и функционирањето на локалните власти со 580 милиони долари годишно.
„Ама и тоа е далеку од доволно.
Шведската популација е предвидено дека ќе порасне за 10% во следните 10 години, достигнувајќи околу 11 милиони жители, главно како резултат на неодамнешниот прилив на имигранти.
Се постарата популација и растечка потреба за интегрирање на странците во општеството само дополнително го зголемува притисокот врз социјалната држава, која се смета за една од најдарежливите во светот,“ пишува Аманда Билнер во Блумберг.