Групата ги искара Саудијците и побара тие да го подобрат „озогласено нефер криминален правен систем.“
Моментално основа за егзекуција во Саудиска Арабија е: тероризам, убиство, силување, вооружена кражба и трговија со дрога.
Од ХРВ забележуваат и дека судењата во кралството не се нешто посебно фер бидејќи се засноваат на фундаменталистички муслимански закони. Одговорот на саудиската влада е дека смртната казна се користи за останатите да не ни помислат на криминал.
Од почетокот на 2014 Саудиска Арабија има спроведено речиси 600 егзекуции, над една третина од нив се поврзани со трговија со дрога. Само минатата година егзекутирани се 150 затвореници.
Смртната казна во кралството се извршува со отсекување глава со сабја.
Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман, во интервју за магазинот Тајм објави дека е можно Саудиска Арабија да разгледа воведување на доживотна казна затвор за некои од делата денес казниви со смрт.