Британското кралско семејство објави дека вечниот престолонаследник, 71-годишниот Принц Чарлс бил позитивен на тестот за коронавирус, дополнувајќи дека тој се чувствува добро.
Палатата на фестивалите во Кан, без блицеви и без црвен тепих, ги пречека бездомниците од Кан кои немаат каде да се сместат во време на општа изолација во земјата.
Не е логично тоалет хартија да е една од критичните работи што мора да се поседува сред пандемија на заболување на дишните патишта. Ама паника не прашува што е логично, што не.
Стејт департманот активно работи на обезбедување медицински залихи и опрема од примателите на американска помош во источна Европа и Азија. „Од“ не „за“.
Припадници на армијата задолжени за помош во дезинфицирање на пензионерските домови низ земјата на неколку локации во Мадрид најдоа напуштени стари пациенти, а во одредени случаи и мртви лица.
Пакетот треба да ја помогне германската економија сардисана од коронавирусот. По ова помошта треба да мине гласање во парламентот закажано за среда, и гласање на Бундесратот во петок.
Веднаш по завршувањето на разговорот со очајниот италијански премиер, Путин наредува товарање руска помош на воени авиони и испраќање директно во Италија. Претходно ЕУ имаше неброени шанси да го спречи овој телефонски разговор.
Над половина од најголемите бразилски фудбалски клубови ги предадоа своите стадиони на државата, која треба истите да ги преадаптира во болници и клиники. Последната статистика од утрово е дека Бразил има 1.546 потврдени инфекции и 25 смртни случаи.
Докторот Ли Венлианг кој уште во далечните добри времиња на декември 2019 беше укорен од кинеските власти за „ширење гласини“ околу некаков си смртоносен вирус и официјално е ослободен од вина од истите овие власти по истрагата на неговата смрт.
44 гости на свадба во Уругвај се заразуваат од коронавирусот откако локална дизајнерка доаѓа на свадбата и покрај тоа што имала температура и само што се симнала од лет од Шпанија.
Овие три групи од своите стандардни задачи ќе бидат прераспределени на производни линии за медицински заштитни маски и останата заштитна опрема што е неопходна за Русија во периодов.
„Германија не е за продажба!“ му порачa на Вашингтон еден германски министер среде обидите на Трамп да издејствува Германците да направат вакцина за новиот коронавирус, ама тоа да биде ексклузивно за САД.
Уште пред Кина да го пријави првиот случај на новиот коронавирус, Италија имаше еден од најклимавите финансиски системи во ЕУ со долг од 2400 милијарди долари. По 2 месеца истоштувачка борба со вирусот, работите барем кај финансиите се уште полоши.
Култот на личноста што се создава околу Путин, посебно по последното можно продолжување на мандатот, ни најмалку не му се допаѓа на Путин, соопштуваат од Кремљ по 20 години власт на Путин.
Понудата на ЕУ важи за мигрантите сместени на грчките острови, и важи само еднаш, а за да се квалификуваш треба да си ги спакуваш работите од бегалските кампови и да го фатиш патот назад од каде и да си дошол.
Шкотските судски власти решија дека пресудата против Либиецот Абделбасет ал-Меграхи може да е погрешна и дозволија процесот да се врати на Апелација. Меграхи почина во 2012.
По поразот на Супер вторникот, Сандерс целата надеж ја стави на вчерашното гласање во кое демократите од 6 американски сојузни држави го даваа својот глас. До сега Бајден освои 3, а од уште 3 се очекуваат резултатите.
Доколу тоа биде изгласано од Думата и одобрено од рускиот уставен суд Путин е подготвен повторно да се кандидира за претседател на Русија и по завршувањето на последниот мандат во 2024. Путин ова го потврди во говор пред руските парламентарци, кои денес предложија бришење на неговите досегашни мандати.
Намерата на Турција да се наметне како светска сила (што би била прва светска сила без нуклеарно оружје) моментално заглави на пола пат меѓу откачување на НАТО и Западот од една и покажување сила на Русија од друга страна.
Фрустрирани од лошото државно здравство Романците започнаа направи сам кампања, чиј краен резултат е болница на 8 ката која треба во 2021 да биде пуштена во употреба.
Кога во јули 2014 авионот од летот МХ17 полн со холандски патници е соборен над Украина, холандската армија веднаш става 1.000 специјалци на низок старт да тргнат за Украина за да го обезбедат местото на кое се наоѓаат остатоците од малезискиот патнички авион.
Во моментов сите гласови не се преброени но контурите на големата слика се јасни. После супер вторникот, кај Демократите постојат двајца луѓе: Берни Сандерс и Џо Бајден. Постои и Мајк Блумберг ама тој со свои пари што сака нека прави. Постои и Елизабет Ворен која помина пристојно само во својот Масачусетс и би било ферски да се откаже и да го поддржи Сандерс.
Двајца кандидати на демократите само што се откажаа од претседателската кандидатура и го поддржаа Џо Бајден, а пред гласање на Супер вторник излегоа и неколку истакнати конгресмени од Демократската партија кои јавно ја искажаа својата поддршка за Бајден.