Додека соседна Аргентина со 45 милиони жители има 97 случаи на коронавирус, Уругвај со 3,5 милиони жители од 4 случаи на 12 март, на 19 март веќе имаше 79, а постои сомнеж за уште 392 лица.
Според Гардијан ваквиот експлозивен раст се поврзува со свадба во елитен дел од Монтевидео со 500 гости од 7 март, на кој 57-годишната Кармела Хонту, доаѓа неколку часа откако пристигнува од Шпанија.
Запрашана од новинар дали не мисли дека не е паметно да се меша со големи толпи веднаш по враќањето од Шпанија, Хонту одговара „Тоа е смешно! Плус, знаеш ли колку други луѓе дојдоа со авионот.“
Во своја одбрана Хонту наведува дека по пристигнување од Шпанија била на ручек со својата 84-годишна мајка, а утредента, по свадбата, била и во ресторан на ручек каде што имало еден куп луѓе. Според уругвајскиот закон дизајнерката може да биде обвинета за „ширење заразна болест“.
Проблеми со разбирачка има и соседна Аргентина каде добар дел од населението пуштено на 2-неделен принуден одмор реши да оди на плажа за да ги искористи последните денови од аргентинското лето.