Кој лапал од Америка, сега да врати

Стејт департманот активно работи на обезбедување медицински залихи и опрема од примателите на американска помош во источна Европа и Азија. „Од“ не „за“.

Во документите што ги објавува Форин полиси се наведува меил од функционери на Стејт департманот во кој американските дипломати добиваат инструкции да побараат помош од речиси секоја држава во Евроазија „минус Русија“.

Станува збор за сериозна промена, не затоа што САД реши да се пребие за помошта што ја давале, туку затоа што по два месеца тврдење дека земјата е „повеќе од подготвена да се справи со кризата“ сега за прв пат изгледа како Трамп да ја има сериозно сфатено пандемијата.

Во документот се инсистира дека и државите кои имаат проблеми со справување со вирусот можат да бидат убедени да им помогнат на САД.

„Фактот дека голем број држави се справуваат со ковид-19 не треба / не мора да ги одвраќа претставниците да им пристапат на функционерите на земјата и, каде што е соодветно, приватниот сектор, околу оваа тема бидејќи веќе имаше случаи во кои такви држави покажаа подготвеност да им продадат на САД вишок опрема и залихи,“ стои во мејлот од Стејт департманот.

Мејлот содржи и конкретен список на предмети што им се најнеопходни на американските болници, меѓу кои се: вреќи за медицински отпад, Н95 маски, вентилатори, средство за дезинфицирање раце и хируршки маски.

24 март 2020 - 14:36