Германската влада го усвои итниот пакет за помош од 750 милијарди евра

Пакетот треба да ја помогне германската економија сардисана од коронавирусот. По ова помошта треба да мине гласање во парламентот закажано за среда, и гласање на Бундесратот во петок.

Целта на пакетот е „поддршка на семејства, луѓе што изнајмуваат по кирија, вработени, фриленсери и компании“.

Освен обемот на пакетот, тој има посебно значење и затоа што е прв пат по 6 години германската држава одново да се задолжи.

Со пакетот е планирано:

- Малите компании и фриленсерите да добијат директни субвенции од 15.000 евра во период од 3 месеци. За ова се одделени 50 милијарди евра.

- Поголемите компании ќе бидат стабилизирани од фонд за стабилизација. Во случај на потреба, на сојузните држави ќе им биде дозволено да станат и акционери во компаниите. Во планот се бара на компаниите да им бидат ставени на располагање 400 милијарди евра во кредитни гаранции. До 100 милијарди евра се одделени за можни директни инвестиции во компаниите.

- Дополнително ќе биде пуштена специјална кредитна програма од државната банка за развој KfW. Банката исто така одвои 100 милијарди евра помош за ликвидност.

- Дополнителни мерки ќе биде преземени за сопствениците на домови да не ги избркаат кираџиите ако тие не можат да платат кирија заради коронавирусот.

- За новите апликации за социјално, од апликантите нема да се бара документ за имотот или големината на нивната месечна кирија во следните 6 месеци. Семејствата кои изгубиле голем дел од својот приход ќе добијат полесен пристап до додатокот за деца.

- Проширена регулатива во однос на скратеното работно време - која предвидува владата да исплаќа дел од платите на вработените ако тие привремено не се неопходни за продолжување на производството - ќе им олесни на компаниите да ги задржат вработените наместо да ги отпуштат.

- Германските болници ќе бидат поддржани со над 3 милијарди евра.

- Владиниот кабинет се согласи да им даде поголеми овластување на федералните власти кога земјата се соочува со пандемија. Исто така ги олесни правилата за банкрот и се согласи на регулатива кој ќе им дозволи на компаниите он-лајн да ги држат годишните акционерски собранија.

Самата Меркел на состанокот учествуваше преку видео повик, бидејќи итаа е во карантин од неделата вечерта, откако докторот кој и даде вакцина во петокот се покажа дека е позитивен на коронавирусот.             

23 март 2020 - 17:14