„Кога чувствуваш немир, кој мислам дека е нешто што сите сега го имаме, лекот секогаш е - контрола. А бидејќи не можеме да имаме контрола врз оваа болест, ние се вртиме кон она што можеме да го контролираме, и затоа луѓето постојано се во шопинг.
Се сведува на тоа ’се чувствувам како да правам нешто, се чувствувам како да се подготвувам, како да ја контролирам работата што можам да ја контролирам, а тоа правење залихи.’
Некои од луѓето кои трупаат залихи ниту се лоши луѓе ниту се себични луѓе. Тоа се само исплашени луѓе и мислам дека ако го размислат својот однос со другите и својата одговорност кон заедницата, веројатно нема да го прават тоа,“ изјавил Кит Јаров, кој се занимава со истражување на навиките на потрошувачите.
Она што и него го збунува е што истите овие жители на САД, во безбројни досегашни предупредувања околу наодаѓачки урагани никогаш не се дале во така масовно купување тоалет хартија. Неговата претпоставка е дека тоа што денес го гледаме е „тоа што се случува кога комуникација на погон од социјални мрежи ќе биде дочекана од човечки инстинкти сред криза.“
„Ние сме социјални суштества. Во времиња кои се несигурни и без преседан, ние ги гледаме другите луѓе за сигнали што треба да направи. За жал другите луѓе прават луди работи, што прави да се чувствуваме дека и ние треба да правиме луди работи.
Слика од празна полица за тоалет хартија е многу подраматична отколку празна полица за туна конзерви, и слика како некој ја напушта продавницата со два големи пакета тоалет хартија е многу подраматична од слика како некој излегува со кеса полна туни.
Тоалет хартија стана значајна затоа што медиумите беа сериозно фокусирани на нејзе, и тоа ги насочи луѓето да почнат да мислат на нејзе,“ објаснува Јаров.