Бидејќи фудбалот во земјата е прекинат на неодредено време, половина од бразилските прволигаши ги отстапија своите стадиони на властите во пренаселени градови како Сао Паоло и Рио де Жанеиро.
Во Сао Паоло властите ќе наместат 200 кревети во полската болница што ќе биде поставена во градскиот стадион Пакамбео. Итакерао стадионот на Коринтианс и нивниот тренинг центар исто така ќе биде отстапен за потребите на здравствениот систем. А привремена клиника ќе биде поставена во ложите на Вила Белмира стадионот.
Очекувањето на бразилскиот министер за здравство е дека вирусот во земјата ќе достигне пик меѓу април и јуни, а падот на инфекциите од ковид-19 се очекува во септември.
Предупредувањето од министерот е дека здравствениот систем на земјата со популација од 210 милиони луѓе може да достигне пик до крајот на април.