Зошто е лошо да добиеш џекпот од 550 милиони долари

Најдобро нешто што може да му се случи на човек е да НЕ му се падне џекпот од 550 милиони долари (џекпотот на американската лотарија). Еве зошто.

Не е проблем да купиш ливче за лото се додека сфаќаш што купуваш. Кога купуваш ливче за лотарија од 550 милиони долари, твоите шанси за добивка се отприлика еден поделено со бесконечност. Во основа ти не купуваш шанса да добиеш, бидејќи не постои никаква веројатност дека ти ќе добиеш. Ти купуваш право да фантазираш за добивката. И тоа е ок.

Проблемот станува ако некако ја освоиш премијата.

Среќата е релативна. Овој факт го објаснуваат најразлични ситуации од секојдневниот живот, како тоа дека сиромашните држави се подеднакво среќни како и богатите; зошто Американците не се посреќни сега отколку пред 40 години и покрај тоа што имаат значително повеќе пари и подобра технологија.

Ова исто така дава објаснување и за лошите страни на некои врвни искуства од нашиот живот. "Добрата работа на врвните искуства е што тие нè прават среќни додека ги искусуваме, но лошото е што потоа тие служат како стандард на сите искуства кои следуваат по тоа," објаснува психологот Даниел Гилберт.

Во основа неговата теорија е дека откако ќе го добиеш џекпотот, потоа се во животот ќе споредуваш со тој момент.

Едно истражување од 1978-ма анализирало мала група на добитници на лотарија, парализирани жртви на сообраќајни несреќи и контролна група. Истражувањето имало две изненадувачки работи: добитниците не само што не биле ништо посреќни од контролната група, туку тие "далеку помалку уживале во секојдневните работи." Ова е проблем, бидејќи како што потенцираат психолозите "животот е составен од секојдневни работи."

Целата работа се сведува на психолошката моќ на адаптација и релативност. Адаптација: прво, возбудата од станување побогат за милиони долари е огромна, но по некое време таа возбуда минува. Релативност: освојувањето на лотаријата создава неизбришливо сеќавање, точка за споредување која ги прави останатите настани во животот разочарувачки и досадни.

1 декември 2012 - 18:50