За разлика од своите скандинавски соседи и остатокот од континентот, Шведска се одважи да спроведе сопствена и релаксирана стратегија, проценувајќи дека претераната реакција може да донесе поголеми штети отколку да се реагира премалку.
Иако веќе имаат преку 3.000 заразени и најмногу жртви од комшиите - 92 во споредба со 15 во Норвешка и 41 во Данска, во моментов имаат само забрана за настани за повеќе од 50 луѓе (до пред некој ден беа 500) .Од тоа се изземени училиштата, рестораните, салите за вежбање, кои останаа отворени.
Треба да се знае дека шведскиот политички систем е високо децентрализиран. Автономијата на државните агенции е и со устав заштитена и централната власт мора да ги слуша нивните препораки. Во моментов, најважна агенција е онаа за национално здравје која ги снабдува владата и парламентот со препораки и упатства за дејствување. Таа во моментов проценува дека досегашната реакција на континентот во голема мерка е политизирана. Повикувајќи се на искуството со свинскиот грип во 2009 година, шведските експерти потсетуваат дека тогаш консензуално се веруваше дека радикални мерки се апсурдни во случај на пандемија бидејќи болеста веќе е е присутна во рамките на државните граници.
Вториот важен елемент за објаснување на ваквиот шведски потег е политичката култура во најширока смисла и особеноста на тамошното социјално ткиво. Довербата на јавноста во државните агенции е екстремно висока, граѓаните веруваат дека нивните политичари и експерти работат во име на јавниот интерес. Комбинирано со високиот степен на меѓусебна доверба дека оној другиот секогаш ќе се однесува за доброто на сите, како и довербата во научното мислење и емпириски проверените методи, тоа ѝ дозволува на Шведска во овие времиња да се однесува како ништо да нема. Постојат низа анегдотални сведоштва дека Швеѓаните самосвесно практикуваат социјална дистанца, без да треба тоа да им го наложува централната или друга власт и авторитет.
Стратегијата која е одбрана не се темели само на наивна доверба туку и на доста наука и симулации на кризните сценарија. На пример, врз основа на нивната демографија и моделите на социјално однесување, шведските авторитети проценуваат дека пандемијата кај нив ќе мине со многу помалку хоспитализации на 100.000 луѓе, отколку во Италија, Норвешка и Данска. А училиштата се отворени за да можат родителите да ги опслужат клучните места во здравството, транспортот и прехрамбената индустрија.
Се полага голема надеж и во концептот за „имунитет на стадото“ и се верува дека потребниот праг од 60% ќе биде постигнат многу побрзо отколку радикално да се спречува ширењето и да се спроведуваат офанзивни стратегии за задушување на заразата. Споредувале и со шпанската грозница од 1918 кога Швеѓаните се имаат баш изгорено - вториот бран им бил посмртоносен од првиот, ударен бран (повеќе детали за научните проценки имате тука).
Инаку, онаа спомната национална агенција за здравство е втора на врвот според довербата на граѓаните. Прво е - здравството.
*******
Да се полигавиме: