Од останките собрани по нападот истражителите откриваат дека друг проектил е произведен летово, а има и таков што датира барем од септември.
„Тоа што Русија продолжува да произведува напредни наведувани проектили како КХ-101 покажува дека таа има најдено начини за набавување на чипови и други материјал и покрај санкциите, или пак дека имала значителни залихи на овие компоненти уште пред војната,“ ја пренесува Њујорк тајмс изјавата на еден од истражителите.
Истрагата ја спроведува британската група ЦАР (Conflict Armament Research), која во претходните 4 патувања во Киев заклучи дека речиси целата напредна воена опрема и муниција што ја користат Русите е направена со западни чипови.
Луѓето од ЦАР бараат парчиња од руските ракети конкретно делот со нивниот сериски број. Се работи за 13-цифрена бројка, на која според ЦАР, американските власти и надворешни аналитичари, првите три бројки и се фабриката на производство (за КХ-101 тоа е 315 и ја означува фабриката на Радуга во близина на Москва), следните 3 бројки наведуваат која конкретна верзија на КХ-101 е во прашање, по што има две бројки кои покажуваат кога е произведена, а последните пет покажуваат која серија на производство е.
Аналитичари кои со години ја следат руската воена индустрија тврдат дека руската влада на вработените во фабриките за оружје и муниција им наредила да работат дополнителни часови за да го зголемат производството, како и тоа дека сега Русија ги пази ракетите со долг домет и веќе не ги користи за напади на помали мети во Украина.
Околу неодамнешното тврдење на американскиот министер за одбрана, дека Русија значително ја потрошила залихата од наведувани ракети, од ЦАР тврдат дека не може да се каже дека на Русите им снемува оружје:
„Ова се тврдења кои се повторуваат уште од април. Ние само посочуваме на фактот дека овие крстосувачки ракети кои се скоро произведени може да се само симптом на тоа, но и тоа не е сигурно.“