"Сегашниот агресивниот став на НАТО кон Русија поставува опасен курс за наследникот на Обама", пишува Патрик Лоренс за Салон.
Ако се погледне хронологијата на самитите на НАТО (вкупно 22 од првиот во Париз пред 59 години), станува јасно дека НАТО зачестено се собира кога ја губи својата декларирана цел и треба да си најде нова задача - нова "закана" со која ќе ја оправда бирократијата во Брисел, лагодно заседнатите генерали, ќе може да штанца воени вежби и да произведува масовна психоза и пред и над сè, да ги задоволува апетитите на контракторите, што според Лоренс, е и основна причина за постоење на Алијансата.
Во Варшава НАТО се договори за многу работи, од кои три се исклучително битни. Прво, САД, Британија, Германија и Канада ќе ротираат свој батаљон во земјите на фронтот со Русија (Полска, Естонија, Литванија и Латвија). Ротацијата е само затоа што формално се држат до договорот со Русија од 1997 да немаат постојани воени единици источно од Германија. Второ, после деценија жестоки преговори во кои аргументите беа на другата страна, НАТО реши нуклеарното оружје да остане дел од неговиот арсенал. И трето, алијансата ја централизираше командата врз анти-ракетниот штит кој има свои компоненти Шпанија, Турција и Романија. Декларативно заради опасноста од Иран, приказна која тешко се продава со оглед на ланскиот нуклеарен договор со таа земја.
Поинаку кажано, НАТО не бил никогаш побислку до Русија а Русија никогаш подиректно не укажувала дека не ја занима ништо друго освен штитењето на своите граници.
Кога сите овие три стратешки компоненти ќе ги види заедно, тоа авторот го потсетува на 1974 година, кога Труман и неговите сојузници решија на народот да му наметнат страв и држава со воена економија.
Следуваа 400 милиони долари помош за фашистичката грчка монархија и така светот влезе во период на Студена војна. Таа траеше 42 години, чинеше милијарди долари и милиони човечки животи а лузните од неа уште ги носиме.