Во јуни Берни Сандерс ги упатуваше своите пораки на публика која ја собираше под неколку чадори за пикник. Тој и неговите пораки останаа исти но публиката постојано се зголемуваше.
"Сме имале случаи во историјата на политичките избори кога еден кандидат ќе порасне и ќе го фати моментов. Во случајот на Сандерс имаме кампања и атмосфера која успеала да го фати кандидатот," вели човек од организацијата Демократија за Америка која го подржува Сандерс.
А тој и неговите политички ставови останаа исти не само во овој предизборен период туку децении наназад. Ќе најдете снимки од пред 40 години на кои тој зборува за "половината од оној еден процент" што имаат повеќе од 27% од оние на дното. Таков беше односот во 1976-та, денеска јазот е и поголем.
Сандерс освои 18 држави, веројатно ќе освои уште неколку а речиси сигурно нема да успее против Хилари, една од најнамазаните и најдобро времежени американски политичари. Но, тој веќе ја оствари својата најголема победа - ја форматираше публиката и ја натера сериозно да го слушне она што тој имаше да го каже уште кога го подржуваше Џеси Џексон пред речиси 30 години.
За атмосферата во која од комплетен аусајдер Сандерс стана хит на предизборието помогнаа и Black Lives Matter покренувајќи го прашањето за општествениот ангажман особено меѓу младите, како и движењето Occupy Wall Street od 2011-та, кое, колку и да заврши неславно, сепак ја запече идејата за еден наспроти 99 проценти од луѓето.
"Лани еден од 12 студенти велеше дека би зел учество во некои протести или демонстрации. Денес мислам дека три-четвртини од бруцошите веруваат дека е важно да им се помага на други во невоља. Тоа е најголемиот процент што сме го имале од 60-тите. Тоа е она што го направи Сандерс," смета професор од Харвард.
Веројатно најголемата промена Сандерс ја направи во неговата партија. Берни можеби не победи, но со голема помпа го најави крилото-во-формирање на Демократската партија предводена од Елизабет Ворен. Со други зборови, демократска левица-вистинска.