Заради ваквата ситуација американската влада итно почна со барање начин како да пренамени дел од залихите ураниум што го користи за воени цели, за потребите на новите напредни реактори и зелената енергија што тие треба да ја произведуваат.
„Ја разбираме потребата од итна акција за да се помогне воспоставувањето на стабилно и пазарно снабдување со ХАЛЕУ,“ изјавуваат од американското минситерство за енергетика.
Оваа генерација нуклеарни реактори работи на ХАЛЕУ (high assay low enriched uranium), и на производителите на реакторите им е страв дека тие нема да добијат нарачки доколку не се обезбеди сигурен извор за ова гориво. Без нарачки, потенцијалните производители на горивото е малку веројатно дека ќе бидат заинтересирани да инвестираат во овој извор и да го заменат руското производство.
„Никој не сака да нарача 10 реактори без извор за гориво, а никој не сака да инвестира во извор за гориво без 10 нарачки за реактор,“ објаснува првиот човек на американската компанија што снабдува со нуклеарно гориво, Центрус енерџи, Даниел Понеман.
Американската влада има залиха од 585 тони високо збогатен ураниум и сега проверува колку од оваа количина ќе може да оддели за реакторите. ХАЛЕУ е ураниум кој е збогатен до 20%, за разлика од ураниумот што се користи во најголемиот дел од нуклеарните централи кој е збогатен до 5%. Меѓутоа моментално само рускиот Тенекс, кој е дел од Росатом, комерцијално го продава ова гориво.
Росатом е еден од ретките руски ентитети кој не беше допрен од светските санкции главно заради неговата важност за глобалната нуклеарна индустрија