Разно

Зошто фудбалерите глумат фаул

Како дел од фасцинираноста со Светското првенство, Американците постојано анализираат некои сегменти од играта на кои ние не им посветуваме внимание (како на пример, зошто има дополнително време на натпреварите). Сега се фатија за фудбалерите што лажираат повреда.

На Клинтон устата му се позлати

Хилари неодамна се пожали дека со нејзиниот маж едвај крпеле крај со крај откако излегле од Белата Куќа. Па мора да се снаоѓаат некако држејќи предавања. Како изгледа есапот од тезгите на Бил Клинтон?

Тајниот милијардер: Адолф Хитлер

Според завршната сметка што Сојузниците ја прават на крајот од Втората светска војна, Адолф Хитлер во времето на својата смрт има имот од околу 800.000 долари во денешни пари. Ова е во согласност со неговиот долгогодишен став дека не го интересираат пари. Ова не е во согласност со вистинската состојба.

Диета на база на мраз

Тргнувајќи од математиката дека секогаш кога е во прашање студ телото троши калории за да го надомести минусот во температурата, американски доктор, инаку сериозен борец против диети, предлага слабеење со јадење мраз.

Студентскиот арач на Хилари Клинтон

Хилари Клинтон решила да им помогне на студентите од Лас Вегас да добијат донации за нивниот Универзитет така што ќе одржи говор на гала вечерата на која ќе се собираат парите. И тоа ќе го наплати 225.000 долари.

Фудбалот само изгледа дека е популарен во САД

Натпреварите на американската репрезентација ги срушија рекордите на гледаност, и тоа е проследено со досега невиден интерес за фудбалот посебно на социјалните медиуми, само треба да се разбере дека сето ова е привремено.

Луѓето што ќарија од гризот на Суарез

Норвешки сајт за кладење пред светското во Бразил во типовите дал коефициент дека Суарез ќе гризне некого. 167 луѓе ставиле пари на овој тип.

Јас сум Блер, Тониблер

Во 1999-та година, Албанците од Косово издејствуваат воена интервенција на НАТО. 78 дена подоцна, српските сили се повлекуваат од тогашната покраина. 15 години подоцна, репортер на Гардијан оди да ги види децата крстени по еден од најбитните странски ментори на албанската победа, Тони Блер.

Перфектниот фудбалски негативец

Текстот го објавува Вол Стрит Журнал и тоа цел ден пред Варела да им даде гол на САД во 95-та минута. Во него главен лик е суперѕвездата на Реал Мадрид и црната овца на фудбалските медиуми во светот - Кристијано Роналдо.

Сеп ФИФА Блатер

Од 1998-ма Блатер е претседател на ФИФА. Во овој период се случија дузина сериозни скандали во кои основното беше дека некој му дал пари на некој од ФИФА. Блатер не беше директно обвинет во ниту еден случај. Меѓутоа не ни направи нешто за да казни некој од тие што беа обвинети.

Зошто Давид никогаш не бил аутсајдер против Голијат

Дуелот во приказната е меѓу Голијат, џиновскиот воин, кој наспроти себе го има овчарот Давид. На крај сепак Давид е тој што успева да му ја отсече главата на Голијат и да влезе во историјата. Проблемот е што сите овие векови ние погрешно ја раскажуваме приказната.

Научниците удрија на ќумурот

Палењето ќумур испушта јаглерод-двооксид во атмосферата. Овој е еден од најштетните гасови што може да постојат, и влијае на создавањето на стаклена градина. Веројатно чекајќи некоја скара научниците решиле пресметаат колку многу се загадува по оваа основа. Извадени се од памет.

Зошто се важни татковците?

Секое трето дете во Америка живее без својот татко и наместо него има еден или сериски "вршители на должноста". Групи на кои им е важна оваа тема велат дека државата направила многу повеќе да ги интегрира жените на работното место отколку да го интегрира мажот во семејството.

Бразилците кои живеат во офсајд

Една единствена фотографија која доволно јасно го објаснува феноменот зошто сите Бразилци кои се луди по фудбал не се луди и поради тоа тоа што нивната држава е домаќини на најголемиот фудбалски настан во светот.

Сите проблеми на Американците со фудбалот

Колумнистот на магазинот Политико го анализира постојаното одбивање на Американците да го прифатат фудбалот, за што според него виновна е самата игра бидејќи - играта е трагична и тоа е во спротивност на американскиот етос. Делот со трагедијата е што нема доволно поентирање за публиката почесто да се радува.

Како вежба Џејсон Статам

Иако во последно време се изнаглуми во глупи филмови, дечкото кој го запознавме во филмовите на Гај Ричи се уште изгледа како таличен. Неговите физички тренинзи ги имаме во детали. Сфативме дека не мора саат и пол, туку 40 минути.

Има ли авион во радарот?

Засега се знаат малку детали за оваа приказна но и ова што го имаме е доволно за ежење: австриската контрола на летање комплетно изгубила 13 авиони во воздухот од своите радари.

Во одбрана на граматичките грешки

Колку што има луѓе кои прават граматички грешки кога пишуваат на интернет, толку има и луѓе што ги ловат овие првиве. Балансот меѓу грешните и "грамар нацистите" некако се одржуваше сè додека вистински нацисти (американско политичко движење) не твитнаа нешто во одбрана на англиската граматика.

Нормално дека Клинтонови никогаш не биле банкрот

За време на интервју за ЕјБиСи, Хилари Клинтон добива прашање околу 5-те милиони долари што ги има заработено од држење говори. Во крајно профи манир, таа го избегнува директниот одговор и почнува да збори за тоа како по заминувањето од Белата куќа тие банкротирале. Не баш.

Што можеш да направиш во Русија со 90 милиони долари?

Одговорот е - околу 2 километра автопат, и тоа според официјални документи на владин тендер за реконструкција на патиштата низ земјата.

Како да разговараш со вистински тврдоглави луѓе

Лекцијата ја дава ко-основачот на Пиксар и претседател на Дизни, Ед Катмул, а тврдоглавиот човек во неговиот живот е - Стив Џобс.

Шеф, ама не и гатанка

Како што знаат сите авторитетни a паметни шефови (корпоративни или партиски, сеедно), еден од нивните најголеми проблеми се оние околу нив кои климаат со глава на секоја нивна забелешка. Проблемот во својата околина го открил и извршниот на ЛинкдИн и оттогаш на сите "евет ефендии" во фирмата "им црта" што сакал да каже.

Што да се прави со клошарите?

Може да ги оставиш да талкаат по улици и да средуваш бељи по нив. А можеш да им дадеш кров над глава и да пробаш да ги спастриш. Второво е три пати поевтино!

Даночно олеснет Депардје

Од потенцијалните 75% данок што требаше да ги плати во родна Франција, Депардје годината ја заврши со само 6% данок во посвоена Русија.