Обединетите Нации на писмено го препознаваат "правото на чиста и безбедна вода за пиење како човеково право кое е суштинско за целосно уживање во животот".
Но, во случај на водоводната мрежа на Детроит, американски судија донесе одлука дека иако правото на вода е универзално човеково право "не постои спроведлив начин на сите да им се обезбеди бесплатна или достапна вода". Така во очите на американското судство, водата веќе стана луксуз.
"Не постои проблем со недостаток на вода, постои проблем со залихите", објаснува професорката Карен Пајпер која се занимава со општествените последици од глобалниот проблем со водата.
Денес на Земјата има иста количина вода како и во времето на диносаурусите, но проблем е што таа се преместува. А луѓето не може туку така да ја следат. Не можете да го подигнете Лос Ангелес и да го преместите онаму каде што отишла водата.
Според Пајпер, постојат три проблеми кои ја предизвикуваат водната криза:
- Климатските промени; се топат глечери а со тоа се губи драгоцена квалитетна вода која заминува во океаните и станува неупотреблива.
- Испумпување на подземните води најчесто за земјодеслки цели со што се пореметува подземниот баланс на водите
- Загадувањето; Пајпер вели дека некои луѓе може од памтивек живееле добро покрај река а таа одеднаш да стане загадена и неупотреблива.
Војни за вода не се нешто што допрва нè очекува туку нешто што и денес го има. Турција која е богата со вода често со неа ја условува Сирија за да издејствува стопирање на поддршката за Курдите а и на самиот Исис му е јасно дека една од неговите стратешки цели и да ги запоседне резервите вода во Ирак и Сирија.