30 годишните Николе Ардено и Емануел Велез (на фотографиите) на улица го тепале нивниот екс цимер сè додека овој не почнал да добива спазми по телото, по што го оставиле во бессознание.
Кога биле апсени, уште на себе ги имале маичките "СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО" во кои ден претходно биле на чело на демонстрациите во врска со неодамнешните пукања во Вашингтон.
И претепаниот е поборник на истата кауза. Кога си ги собирал работите од станот кој до неодамна го делел со овие двајца, според нив, земал и работи кои не се негови.
Моментално е во болница, во критична состојба.
Од движењето против насилствата изјавиле дека остануваат доследни на своите заложби дека со насилство не се решаваат проблеми.
Освен можеби кога се свои.