Најевтината влезница за Челзи е околу 63 евра, додека најевтината влезница за Борусија Дортмунд или кој било друг голем клуб како Баерн Минхен е 16 евра. Според математиката на англиските фанови, вкупниот трошок за еден викенд во Германија (влезница, пат, сместување) изнесува 82 евра.
На ниво на англиско првенство, Арсенал ги има најскапите сезонски влезници, кои во најевтината варијанта чинат над 1.000 фунти (само за натпревари од Премиер лигата), и покрај тоа што клубот ниту еднаш ја нема освоено Лигата на Шампиони. За споредба, Барселона со 4 титули на темата и еден од најдобрите тимови во историјата на фудбалот, можеш цела сезона да ја гледаш за десетина од оваа цена.
Разликата во цената меѓу Англија и Германија е и заради различната идеологија на клубовите. Англичаните понесени од глобалната слава на нивниот фудбал крајно пазарно ги одредуваат цените на влезниците, и ги поскапуваат од сезона во сезона со зголемувањето на популарноста. Од друга страна Бундеслигата е единствената голема лига во Европа во која клубовите колективно заработуваат. Тие се гордеат со тоа што одржуваат ниски цени на влезниците. Борусија намерно го ограничува бројот на сезонски влезници, за да им дозволи на што повеќе фанови да имаат пристап до натпреварите. Дортмунд годинава не им дозволи на продавачите на пиво да ги поскапат пијалаците, а и Пума не смееше да ги поскапе дресовите од клубот.