Разно

Норвешка

Властите на Норвешка сфаќаат дека имаат проблем со сексуално малтретирање во армијата. Решението им се базира контра сите инстинкти што може да ги имате околу проблемот.

Најдобро дизајнираните предмети за минатата година

Лондонскиот музеј за дизајн направи список од седум предмети кои се победници по категории на годинешните награди за Дизајн на годината. Меѓу нив зграда, автомобил и Прада.

Како да си задоволен од своите одлуки

Во интервјуто за магазинот GQ, кој го прогласува за Неоспорениот крал на комедијата, Луи Ц.К. го елаборира "правилото од 70% за носење одлуки."

Индустријата на искачување на Монт Еверест

Шерпас во просек заработува по 125 долари од искачување со легален товар (околу 9 килограми), и тоа ова е просечен, ниту добар, ниту лош шерпас, а тоа што го имаш него не значи дека не треба да земеш и водич низ планината. И тука има од – до цена.

Африканската Игра на тронови

Кралство во кое стотици години власта е во рацете на една куќа. По 6-децении владеење стариот крал умира. Зад себе остава над 200 деца, но ниту еден директен наследник. Ова започнува епска и крвава битка меѓу потенцијалните кандидати. На крај 14-годишно дете е избрано за наследник, а неговата мајка е омажена со лешот на кралот. Кратко по ова луѓето што го избраа новиот крал длабоко се покајуваат за тоа што го направиле. Добро дојдовте во Свазиленд.

Митот за креативната рутина

Без разлика дали читаш интернет листи или цели книги посветени на рутините на успешните уметници, ќе забележиш две работи: нема два уметника кои кажале иста рутина, и дека нема еден единствен уметник кој навел - читам рутини на други уметници.

Големото пуштање вода

Портланд комплетно ќе испушти 143 милиони литри вода за пиење од големиот резервоар, откако еден тинејџер бил фатен како уринира во него. Ова не им е прв пат некој вака да им направи.

Брадата како еволуциско чаталење

До жените, стрпете се, ова со брадиве ќе потрае уште кратко време, ама после пак сите ќе фатат бричовите во рака. До мажите, тоа што имате брада во моментов воопшто не ве прави уникатни, сите имаат, дури и банкари.

Лондонската берберница што го навреди Јонг Ун

Официјални претставници на Северна Кореја беа во посета на една лондонска берберница да се распрашаат зошто тие решиле на својата реклама да ја искористат сликата од Ким Јонг Ун како пример за лоша фризура.

Како да се лаже со точни бројки

Затоа што за детали се интересираат само статистичарите, без разлика дали бројките на нечиј рејтинг се наместени или не, она на што ќе биде освоен народот е како тие ќе бидат прикажани. Тука може многу повеќе да се лаже, без разлика колку ти е точна или неточна методологијата.

Уште ве лажат демокративе?

Насловот на оваа вест кој е парафраза на легендарниот скеч на К-15 (Уште ве лажат комунистиве?) произлегува од една педантна анализа на илјадници конкретни политички одлуки во САД, земја горда на силината на своето јавно мислење, која убедливо покажала дека гласот на милионите е небитен во споредба со оној на лобистите на елитите.

Зошто позираме за фотографирање?

Целата навика влече корени уште од времето кога прв пат се појавуваат фотографиите, во времето кога тие буквално требало да се произведуваат (прават). 190 години подоцна ние уште го повторуваме ова.

Со што сè се гаѓа по политичарите

Минатата недела во Лас Вегас една жена од непосредна близина маваше со кондура по Хилари Клинтон. Благодарение на сите пропуштени часови по физичко, успеа да го промаши поранешниот Државен секретар на САД.

Оланд забрани мобилки на седница на Влада

Како што каубојците на времето ги оставаа пиштолите пред да влезат во салун, така и француските министри пред седница на Влада ќе мора да ги одложуваат своите мобилни апарати. Така вика шерифот.

ФБИ бара ограбувач на банки кој знае граматика

Може сфатил дека од копирајт не се живее баш најдобро па решил да смени професија. ФБИ се надева дека токму оваа негова карактеристика ќе го издаде.

Роб Лов за проблемите кога си убав

Човекот издаде втора книга, а во неа меѓу другото објаснува за тоа како не е лесно да бидеш убав и за предрасудите што ги трпат луѓето со убав изглед. Ние само можеме да му веруваме на збор.

Шеик бара друштво за одмор во Европа

Платата е 100 евра на ден, неограничен шопинг за тебе, сместување во најдобри хотели и оброци во најлуксузни ресторани, а се што треба да направиш е да го дружиш шеикот и неговото семејство на патување низ Европа. Од твоја страна се бара да бидеш млада, згодна и женско.

Дарт Вејдер не може на избори

Украинската изборна комисија ја одби претстедателската кандидатура на Дарт Вејдер, ликот кој ветуваше дека земјата нема да ја внесува ни во ЕУ ни во Русија туку во "галактичката империја".

Височество на 4 тркала: Профит

Американскиот автомобилски гигант Џенерал Моторс цели 10 години одолговлекувал да го среди неисправниот систем за стартување на моторот кој предизвикувал и сообраќајќи и смртни случаи. Поправка на дефектот чини - 57 центи. 

Тојота пикапот што ги вози револуциите

Во неодамнешниот пакет со помош што САД им го прати на бунтовниците во Сирија беа вклучени и 43 пикапи Тојота, истиот модел кој изминативе неколку децении се појавува секаде каде што има некој судир меѓу бунтовници и власт. Возилото е толку издржливо што Топ Гиар и покрај целото свое настојување не успеаа да го уништат.

Тајни на авиокомпаниите што ќе ви направат неубаво

Меѓу другото не сакате да пробате ништо на авионот што не ви го служат затворено, не сакате да знаете дали пилотите се цело време будни, и не сакате да побарате ќебе или перница.

Како да ја решиш грдотијата, кога никој не признава дека е грд

Не постои аспект во животот во кој убавината нема да ти помогне (од училиште, до работа или на суд). Да беше кој било друг фактор (раса, пол, тежина) до сега тоа ќе беше наведено како основа за дискриминација, убавината никој не ја есапи затоа што никој не се пожалил дека толку грд за да го дискриминираат.

Гладијаторите на Калчо Сторико

Ова е една од најраните форми на фудбал и се игра според правила напишани во 1580-та. Ова "игра" е многу релативен термин во однос на спортов, "масакр" далеку повеќе одговара.

Исус на Икс Фактор

Лондон требаше да види како би изгледал Исус пред жири на шоу од типот на Икс Фактор. И пазете сега, идејата поминала кај црквата ама не и кај Синодот на лондонското метро.