Проверени беа 10.000 гулаби кои беа пуштени на главната прослава на празникот. Не е дека Кинезите имале некој посебен фетиш, па освен излезот, на птиците им биле проверени и пердувите и нозете, за да видат да не има некој "сомнителен предмет."
За гулабите до крај на живот да не можат да ги погледнат своите деца во очи, целиот процес на проверка наводно бил сниман. Што значи дека некаде на светов има 10.000 клипови од анални проверки на гулаби (или едно големо видео со сите 10К во него).
Во извештајот не е наведено какви "сомнителни предмети" инспекторите се надевале да најдат кај гулабите, меѓутоа главни осомничени за потенцијално подметнување се ујгурските сепаратисти.
Без разлика како вам ви звучи, за експертите на тема гулаби (не гулабари, него научници) теоретски сосема е возможно овие птици да носат некаков експлозив, и тоа точно на местата каде што овие проверувале.