Мохамед, најчестиот син во Израел

Иако надлежните сде обидоа да ја сокријат вистината, на површина сепак се проби фактот дека најчестото бебешко машко име во Израел е Мохамед.

Израелските надлежни институции неодамна извадија листа на најчести имиња кои им се даваат на новороденчињата во земјата, но дури подоцна се откри дека од списокот се елиминирани арапските имиња.

Да беше фер листата, број еден во државата ќе беше Мохамед а на 9-то место ќе се  најдеше Ахмед.

Политички коректниот список вели дека во последните 12 месеци, најчести машки имиња биле Јозеф, Даниел, Ури, Итаи, Адам, Ноам, Ериел, Еитан и Давид.

Најпопуларното женско име е Тамар, за првпат во последниве 14 години во кои суверено доминираше Ноа. Други популарни женски имиња се Шира, Адел, Талија, Јаел, Лиан, Миријам, Маја и Авигеил.

Две од овие имиња (Миријам и Маја) ги користат и Арапите и Евреите. 

 

24 септември 2014 - 17:05