Милијардерот што ги раздаде своите милијарди

Првиот дел од животот Чак Финеј го минува во заработување на над 5 милијарди евра. Тогаш во еден момент решава дека сака сите да ги раздаде. На страна, за не дај Боже, остави 1,5 милиони долари.

Атлантик филантропи е фондацијата што пред 30 години ја основаше сега 83-годишниот милијардер. Задачата на фондацијата е да до крајот на животот на Финеј да го раздаде целото негово богатство.

По 3 децении, деновиве фондацијата ги даде последните 32 милиони евра, и тоа во Северна Ирска за промоција на заедничко основно образование за протестанти и католици, програми за родители и подобрување на грижата за пациенти со шизофренија. До сега во Ирска има донирано околу 770 милиони евра, само за образование.

За до крајот на животот Финеј за себе задржа 1,5 милиони долари. Човекот веќе долго време тера скромен живот, на пример носи Касио часовник од 11,5 евра затоа што и "подеднакво добро покажува колку е часот, како и луксузните брендови."

Финеј богатството го прави од фри-шопови, а инаку потекнува од скромно ирско семејство од Њу Џерси, каде расте за време на големата депресијата.

"Имав една идеја која никогаш не се смени - треба да го користиш богатството за да им помагаш на луѓето," изјави Финеј во 2007-ма за време на еден говор.

25 септември 2014 - 13:07