Стручни луѓе од Vocativ анализирале 600 говори на претседатели на САД од последниве 200 и нешто години, споредувајќи ги со стандардите од тн Flesch-Kincaid тест кој утврдува умешност во читањето. Некогашните претседателски говори по својата софистицираност се на ниво на PhD, денешните одговараат на знаење на седмаче.
Притоа, иако Барак Обама се смета за далеку повешт соговорник од неговиот претходник Џорџ дуплове Буш, анализата покажала дека се тука негде, тоест дека неговите говори се незначително пософистицирани од оние на легендарниот Буш.
Иако на прв поглед, резултатот од анализите е разочарувачки, луѓето носат сосема спротивен заклучок, дека оглупувањето на говорите на првите луѓе на државата е симбол на прогресот во земјата.
Вака тоа го објаснуваат:
"Иако резултатите нè мамат да заклучиме дека се работи за заглупување, сепак ова е знак за демократизацијата на земјата. Во раната Република, претседателите им се обраќале само на оние слични на себе: богати и образувани велепоседници на земја, бидејќи само тие и имале право на глас. Во меѓувреме реалноста се менува па претседателите се упатени да допираат до многу поширока публика."