Совети за приватност од Едвар Сноуден

Ослободете се од DropBox, избегнувајте Фејсбук и Гугл.

Луѓето кои држат до својата приватност на интернет треба да избегнуваат сервиси како Dropbox, Facebook и Google, порача Едвард Сноуден во видео интервју за Њујоркер од непозната локација во Русија.

По него, Dropbox треба веднаш да биде напуштен затоа што не ги енкриптира податоците (како алтернатива го предлага SpiderOak) а другите два сервиса, иако им признава дека во последно време работеле на заштита на приватноста, сепак и натаму ги смета за опасни по приватноста.

Сноуден проценува дека дури и енкрипцијата не е доволно решение бидејќи Владите секогаш можат да издејствуваат судски налог за влез во нечиј телефон или компјутер, заедно со клуч за енкрипцијата.

За евентуално судење вели дека е подготвен доколку американската влада му гарантира фер и отворен процес како во случајот со Ден Елсберг, но тврди дека тие упорно го одбивалче ваквото барање.

Признава дека е малку иронично што од моќта на својата влада засолниште побарал токму во Русија но потсетува дека негова крајна дестинација требало да биде Латинска Америка но склучајот се искомплицирал кога тој се нашол во Русија.

13 октомври 2014 - 13:47